Marija Marija Marija

🍫 Домашна Нутела 🍫

домашна нутела - Хедер

Оваа домашна нутела е еден мој постар рецепт за којшто неодамна сфатив дека не ми е објавен тука. Па тој пропуст мораше веднаш да се искоригира и еве ја објавата!

Е сега, дозволете кратко да ви кажам нешто за оваа моја домашна нутела. Доколку сте љубител на богат вкус на чоколаден крем, тогаш дефинитивно морате да си ја направите. На целата количина има само 1 лажица јаворов сируп и 3 урми – то е МНОГУ помалку отколку количината на шеќер што ја има во купечкиот крем.

Плус, вкусот на печен лешник и црна чоколада е навистина неодолив. Целиот рецепт го имате подолу во оваа објава, а постапката можете да ја видите и кај мене на инстаграм во reels. Не заборавајте да додадете сол, бидејќи солта го нагласува вкусот на околадата.

Уште нешто! Доколку немате јак блендер за да ги сомелете лешниците – имам еден ХАК за вас 😎

Новиот путер од лешник на @crux.mk е толку кремаст и нежен, така што слободно можете да употребите една тегличка за да ја добиете оваа нутела. Едноставно промешајте го со останатите состојки! Thank me later!

домашна нутела
домашна нутела

Зошто домашна Нутела?

Затоа што знаете точно какви состојки има! Нема емулгатори, вештачки бои и ароми, и еден тон додаден шеќер. Затоа што е направена од целосна храна и црно чоколадо – што е богат антиоксиданс. Плус, мозете да дозирате дали да биде малку crunchy или пак комплетно silky smooth! Според мене, ова се повеќе од доволно причини зошто.

Плус, можете да ја јадете во различни компбинации, па еве листа на сите мои рецепти со коишто можете да ја искомбинирате:

Или едноставно да си ја намачкате на лепче со многу свежо овошје!

Сакам да пишувам уште, ама нема потреба. Оставам на вас да ја направите и да ми пишете фидбек!

Доколку си љубител на познатиот чоколаден крен - мојата домашна нутела е дифинитивно подобра и поздрава варијанта - но подеднакво вкусна! Те охрабрувам да ја направиш и пробаш (имам пишано и предлог за хак доколку немаш јак процесор) и доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍫 Домашна Нутела 🍫

Време на подготовка22 minutes
Време на готвење8 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна или јак блендер Нутри булет не врши работа

Состојки

  • 200 гр. Лешници, испечени и излупени
  • 100 гр. Црно чоколадо (стопено со 1 лажица кокосово масло)
  • 1 с.л. Ванила екстракт
  • 1 с.л. Јаворов сируп
  • 3 урми, без семка доколку се суви, накиснати во зовриена вода 15 мин.
  • Прстофат сол

Инструкции

  • Испечете ги и излупете ги лешниците.
  • Ставете ги во блендер и блендајте на најјако додека да добиете течна смеса.
  • Доколку немате блендер, искористете го мојот хак и употребете 1 тегличка Crux путер од лешник.
  • Додадете ги останатите состојки и блендајте додека да добиете кремаста смеса.
  • Ставете во тегличка и затворете.
  • ВАЖНО: Контролирајте се да не ја изедете цела 🤣

Вкупно парчиња: 1 тегла (30 лажици)
(препорачана порција: 1 лажица)
Нутритивни вредности од порција: (**без додатоци, само крем)
Калории: 66 kcal.
Протеини: 1,2 гр.
Јаглехидрати: 4,32 гр.
Масти: 5,2 гр.
Влакна: 0,9 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .

2 thoughts on “🍫 Домашна Нутела 🍫”

  1. Здраво Марија, ова изгледа перфектно. Ти благодарам што го сподели со сите нас. Дали би можела да ни предложиш кој блендер би функционирал? Или кој бренд е твојот блендер?
    Ти благодарам уште еднаш. ❤

    1. Ти благодарам Елена. Јас користам Philips процесор за храна (мултипрактик всушност) со јачина од 1300W. Мислам дека секој процесор над 1000W е океј за оваа намена. Добро е само да правиш паузи во мелењето, за да не го прегориш моторот.

Comments are closed.