🍕 Пица од цвекло 🍕

Пица од цвекло со 3 состојки! Безглутенска, веганска и РОЗЕВА 💖 Плус, многу здрава и нутритивно богата.
Пред некое време кога го објавив хумусот од цвекло на мојот инстаграм профил, посочив да го зачувате постот затоа што ќе ви треба за друг – епа еве го другиот!
Секако, целиот рецепт за хумусот од цвекло го имате и овде – и е клучно да го направите, за да ја направите оваа пица.
Но тоа нема да ви биде проблем, бидејќи се прави многу брзо и едноставно и е супер здрав! За придобивките и нутритивната вредност на цвеклото имам напишано во објавата за чорбата од цвекло, додека збор-два повеќе зошто хумусот е добар за вас имам напишано во објавата за хумус од цвекло. Епа оваа пица од цвекло е комбинација од соништата!


Оризово брашно
Бидејќи е без глутен, оризовото брашно е одличен избор за оние кои страдаат од нетолеранција на глутен и автоимуни состојби, како Целијакија. Содржи добра количина на нерастворливи влакна, кои одржуваат баланс во дигестивниот тракт. Оризовото брашно е богато со калциум, што го прави одличен избор за одржување на здравјето на коските и скелетот. Белото оризово брашно (100 g) содржи 9,2 mg Холин, што го спречува таложењето на масти и холестерол во црниот дроб. Со ова, помага во одржување на здравјето на црниот дроб. Поради високата минерална густина, особено цинкот, оризовото брашно може да го подобри имунитетот. Исто така, оризовото брашно содржи и добра количина на протеини.
3 состојки и 3 одлични приќини зошто да ја пробате оваа пица. Ако ви треба четврта, тоа сигурно ќе биде нејзината розева боја! 💖

Доколку си еден од ретките што се уште ја нема направено оваа пица од цвекло, те охрабрувам да ја направиш уште денес и доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍕 Пица од цвекло 🍕 Read More »




















































