Marija Marija Marija

🥞 Тројно чоколадни палачинки 🥞

tripple-chocolate-pancakes-header

Љубители на интензивен чоколаден вкус – имам нешто за вас! 

Се чини дека од палачинки никогаш доста па еве еден нов, брз и три пати почоколаден (секако здрав и без додаден шеќер) рецепт за американски палачинки. Не е изненадување дека овие тројно чоколадни палачинки излегоа превкусни и пречоколадни, нели?! Плус, чоколадниот сос во комбинација со путерот од кикиритки на crux.mk е СОН 😍 

Тоа што се чоколадни, не значи дека не можете да ги јадете за појадок, но супер функционираат како ужинка или десерт. Имаат само 5 состојки и се прават за 5 минути (без печењето). Меки се и воздушести, а поради тоа што имаат многу какао се и супер здрави. 

Овие тројно чоколадни палачинки ги вбројувам во категоријата на рецепти коишто се едни од најправените до сега објавени мои рецепти на мојот инстаграм профил

Одлично одат со путер од кикирики, свежо или замрзнато овошје, но и само така, без никаков додаток, како ужинка.
тројно чоколадни палачинки

(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е важно да ги печете на нелепливо тавче. 

Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие тројно чоколадни палачинки, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🥞 Тројно чоколадни палачинки 🥞

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење5 minutes
Курс: десерт, палачинки, појадок, ужина
Порции: 8
Автор: Марија

Oпрема

  • нелепливо тавче за палачинки
  • блендер

Состојки

  • 1 зрела банана
  • 1 шоља овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 1 шоља растително млеко
  • 1 с.л. какао
  • ½ к.л. цимет

Инструкции

  • Состојките за палачинките ги блендате заедно, ставате од смесата на загреана нелелива тава. 
  • Ставате коцка црно чоколадо на средина и покривате со уште малце смеса. 
  • Печете 2-3 минути на среден оган (додека да се појават меурчиња). Превртувате.
  • Печете уште 2 минути на другата страна. 
  • Редите, полевате со чоколадниот сос, путер од кикирики и уште нешто (на пример кокос, пекани/или ореви и банана) и уживате во интензивниот чоколаднен вкус 

Вкупно парчиња: 8-10
(препорачана порција: 3 парчиња)
Нутритивни вредности од порција (*без додатоци):
Калории: 198 kcal
Протеини: 5,25 гр.
Јаглехидрати: 28,32 гр.
Масти: 4,05 гр.
Влакна: 3,36 гр
Антиоксиданси, Калиум, Витамин Ц, Витамин Б1, Витамин Б5, фолат, Цинк, Железо, Фосфор

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** Нелепливо тавче овде игра клучна улога

[Поврзано] Палачинки од јагоди


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .