Во последно време ми стана многу интересно да експериментирам со здрави варијации на палачинки, па еве уште едни – палачинки од јагоди: овошни, освежителни, пролетни и лесни – совршени за појадок, ужина или десерт.
Овие палачинки од јагоди имаат само 4 состојки, се прават многу брзо и лесно и навистина се многу вкусни. Доколку немате јагоди можете да ставите малини, боровници или друго шумско овошје, по ваша желба.
Овојето може да биде смрзнато или свежо, зависно од сезоната и што имате во моментот.
Можеби не се најправените палачинки ама котираат високо на листата мои рецепти објавени на мојот инстаграм профил.
Јагодите инаку се одличен извор на витамин Ц и манган, а исто така содржат солидни количини на фолати (витамин Б9) и калиум. Богати се со антиоксиданси и можат да го подобрат здравјето на срцето и да го намалат нивото на шеќер во крвта. Плус се многу вкусни и освежителни, што ги прави овие палачинки, вистинско неодоливо уживање!
(‼️) Како и за повеќето палачинки, и за овие е МНОГУ важно да ги печете на нелепливо тавче.
Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие палачинки од јагоди, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.
🍓 Палачинки од Јагоди 🍓
Oпрема
- блендер
- нелепливо тавче за палачинки
Состојки
- 1 ½ шоља овесни снегулки
- 1 поголема банана
- 1 ¼ шоља растително млеко
- 1 шоља јагоди за замена, видете во забелешките
Инструкции
- Изблендајте ги сите состојки во блендер за да добиете смеса за американски палачинки.
- Регулирајте ја густината со додавање млеко (ако има потреба).
- Печете на нелепливо тавче, како кои било други американски палачинки – додека да се појават меурчиња.
- Завртете и печете од другата страна. Јас ги послужив со чоколадниот прелив објавен со тројно-чоколадните палачинки, јагоди и боровници!
Notes
Вкупно парчиња: 10-12
(препорачана порција: 4 парчиња)
Нутритивни вредности од порција: (** без топинзи и додатоци)
Калории: 233,2 kcal.
Протеини: 9гр.
Јаглехидрати: 45,5 гр.
Масти: 4,2 гр.
Влакна: 6,53 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка **** Нелепливо тавче овде игра клучна улога
[Поврзано] Тројно чоколадни палачинки
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .