Marija Marija Marija

🌮 Врапови/Тортиљи од Семки тиква 🌮

Овие врапови/тортиљи од семки тиква се уште еден начин како да си направите тортиљи дома. Се прават многу брзо и се многу здрави и со буквално 3 состојки (од кои едната е вода). Одлична опција се за појадок, ручек а супер се и за вечера. Плус, семките тиква се одлични за вас, па еве уште еден забавен и креативен начин како да ги внесете во вашата исхрана.

Инаку, доколку пролистате на мојата веб страна, во категоријата тортиљи и врапови ќе најдете уште неколку здрави и забавни опции за да си направите тортиљи дома. Ве охрабрувам и препорачувам да ги пробате сите.

Инаку, и овие врапови/тортиљи од семки тиква можете да ги јадете и во солена и во блага варијанта. Тоа ќе зависи од зачините што ќе им ги додадете додека ги подготвувате. Јас не им додадов никаков зачин, но, доколку сакате да ги направите солени можете да им додадете сол, и зачини по желба.

Богати со протеини и диететски влакна, овие врапови/тортиљи од семки тиква се супер здрави за вашето здравје.

Врапови/Тортиљи од семки тиква
Врапови/Тортиљи од семки тиква

Зошто врапови/тортиљи од семки тиква?

Како за почеток, затоа што семките од тиква се супер здрави. Еве и зошто:

👉🏻 Семките од тиква се богати со витамини и минерали како манган и витамин К, коишто се играат важна улога во процесот на заздравување на раните.

👌🏻 Содржат цинк, минерал што му помага на имунолошкиот систем да се бори против бактериите и вирусите.

💪🏻 Одличен извор се на фосфор и железо.

👏🏻 Богати се со антиоксиданси како флавоноиди и фенолни киселини. Содржат мали количини на витамин Е и каротеноиди што можат да помогнат во намалување на воспаленијата.

Уште придобивки од семки тиква

Семките од тиква се еден од најдобрите природни извори на магнезиум, минерал кој често недостасува во нашата исхрана. Магнезиумот е потребен за повеќе од 600 хемиски реакции во телото. Внесување на доволно количество на магнезиум е исто така важно за:
☝🏻 контролирање на крвниот притисок
✌🏻 намалување на ризикот од срцеви заболувања
👍🏻 формирање и одржување на здрави коски
🫰🏻 регулирање на нивото на шеќер во крвта

И ете така, полека но сигурно ги оправдавме причините зошто да ги направите овие врапови/тортиљи од семки тиква. Имајте на ум дека најважно за да ги направите е – нелепливо тавче. Не го занемарувајте ова! А за полнењето – оставам на вас. Мојата препорака, како и секој пат, е да ги наполните со извор на протеин, свеж зеленчук со што ќе ги избалансирате и ќе добиете комплетен и здрав оброк.

И тоа е тоа, целиот рецепт и начинот на подготовка ги имате подолу во рецептот, а имате и видео кај мене во reels на инстаграм.

Ова е уште една забавна варијанта за домашни и здрави тортиљи/врапови - овој пат од семки тиква. Многу се здрави, така што навистина ве охрабрувам да. ги направите. Плус, доколку не додадете зачини можете да ги јадете и во солена и во слатка варијанта. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🌮 Врапови/Тортиљи од семки тиква 🌮

Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер за мелење на семките
  • нелепливо тавче за палачинки

Состојки

  • 1 шоља Семки тиква сомелени во брашно
  • 2 с.л. Псилиум хаск Тегавец
  • шоља Вода плус уште малку ако смесата е многу густа
  • Сол и зачинин по желба доколку сакате да ги јадете со благ фил, не ставајте сол.

Инструкции

  • Сомелете ги семките за да добиете брашно.
  • Во подлабок сад ставете го брашното и останатите состојки и промешајте.
  • Оставете да отстои 10тина минути за да се згусне/стврдне.
  • Оформете топче од тестото и поделете го на 2 или 4 еднакви делови (зависно дали сакате големи или мали тортиљи).
  • Расукајте го секое, помеѓу 2 парчиња хартија за печење и формирајте кругови (најлесно со капак од тенџерче).
  • Печете ги на среден оган кратко од двете страни, во нелепливо тавче за палачинки – без масло.
  • Филувајте по желба.

Вкупно парчиња: 4 тортиљи
(препорачана порција: 2 тортиљи)
Нутритивни вредности од порција: (**без додатоци, само тортиљи)
Калории: 160 kcal.
Протеини: 7,25 гр.
Јаглехидрати: 22 гр.
Масти: 6,35 гр.
Влакна: 9,4 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .