Marija Marija Marija

🍯 Таан карамел барови 🍯

tahini-caramel-bars-header

Порано воопшто не сакав таан, но некако како поминуваше времето не само што почав се повеќе да го јадам, туку ми стана и еден од омилените путери. Овие таан карамел барови прв пат ги направив пред некоја година кога прв пат ги објавив на мојот инстаграм профил и многу брзо се навлеков на нив. Посебно ако земеме предвид колку е таанот добар за нас, пред се, бидејќи е богат со антиоксиданси и анти-инфламаторски својства, уште повеќе ќе ги засакате 😊

А овие таан карамел барови се вистинско слатко уживање. Крцкава сонова, солен карамел и горко чоколадо – вистинска слатка награда за душата. Одат одлично со кафе или чај а стојат долго во замрзнувач (но сигурна сум дека брзо ќе го снема)

Карамелот од урми, што е основа на карамелот во овие барови, освен што е супер здрава алтернатива е многу вкусен и ви препорачувам секогаш да си го чувате во тегличка во фрижидер. Ќе ви се најде за некој десерт или едноставно кога имате потреба да се заблажите а притоа да не посегате по некое купечко и преработено слатко.

Доколку се уште ги немаш пробано и направено овие таан карамел барови, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍯 Таан карамел барови 🍯

Време на подготовка15 minutes
Време во замрзнувач6 hours
Вкупно време3 hours 15 minutes
Автор: Марија

Oпрема

  • процесор
  • сад за мешање
  • тавче за печење / силиконска модла
  • хартија за печење

Состојки

Основа

  • шоља овесно брашно (70 гр.) мелени овесни снегулки
  • шоља бадемово брашно (70 гр) мелени бадеми
  • ¼ к.л. сол
  • 5 с.л. кокосово масло стопено
  • 1 с.л. јаворов сируп опционално

Карамел

  • 1 шоља урми (15 урми / 140 гр.) накиснети во вода 15 мин.
  • 4 с.л. таан
  • 3 с.л. растително млеко се додава постепено
  • 1 с.л. ванила екстракт
  • прстофат сол

Чоколадна обвивка

  • 150 гр. црно чоколадо
  • 1 к.л. кокосово масло

Инструкции

  • Измешајте ги сите состојки за основата во поголем сад.
  • Обложете тавче за печење со хартија за печење (за полесно вадење). Натапкајте ја смесата за основата и ставете го во замрзнувач.
  • Во процесор измешајте ги сите состојки за карамелот, истурете врз основата и вратете го во замрзнувач (околу 3 часа)
  • Стопете го чоколадото. Исечете барови и полијте ги со стопеното чоколадо.

Вкупно парчиња: 7 големи или 14 мали
(препорачана порција: 1 големо парчe/2 мали)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 226
Протеини: 4,52 гр.
Јаглехидрати: 26 гр.
Масти: 10,4 гр.
Диететски влакна: 4,82 гр.
Витамин Б2 (рибофлавин), витамин Б6, железо, цинк, магнезиум, фосфор, селен, антиоксиданси, витамин Е

taan karamel barovi
* Јас користам кујнска вага, многу е корисна 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

[Поврзано] Слатко-горки Бомбици со таан и ореви


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .