Marija Marija Marija

🍕 Пица од Карфиол 🍕

пица од карфиол - Хедер
pica od karfiol

Пица од карфиол или една од помотивирачките пораки за мене – ако карфиолот може да стане пица, тогаш ти можеш да постигнеш сè!

Епа еве ја приказната за еден карфиол и како си ја исполни судбината да стане вкусна и здрава пица 🤤 😬

Вложете труд, вреди

Мојот рецепт е со вкупно 8 состојки (вклучително зачините) но без топинзите. Топинзите ви ги пишувам како предлог, а вие секогаш можете да експериментирате со нив и да ги прилагодувате според вашите желби и вкусови.

Инаку, ова тесто за пица не е најлесно за правење, ама е многу вкусно, здраво и многу многу помалку калорично од кое било друго. И тоа се неколку причини поради коишто вреди да го направите.

Како да ја направите оваа пица од карфиол

Експериментирајте со топинзите

Како и повеќето рецепти што ги правам, така и оваа пица од карфиол, ја правев неколку пати. Пред сè, за да ја усовршам, за да ја испофоткам и секако за да пробам различни топинзи. Секој пат ми беше вкусна, а наскоро ќе ги обновам и фотографиите.

За да ја направите, клучно, ама потенцирам, КЛУЧНО е да го обарите и УБАВО ИСЦЕДИТЕ карфиолот. Доколку не го исцедите, тестото ќе биде многу влажно и ќе ви се распадне. Значи, дајте се од себе во цедењето. За оваа цел, добро е да имате чисти кујнски крпи или уште подобро, вреќа за цедење млеко.

Како и со секоја друга пица, така и со оваа, можете да ставате топинзи по желба. Мојата препорака е да се трудите соодносот на макронутриенти да биде балансиран, односно да внимавате да имате добар извор на протеини, масти и јаглехидрати.

Една од предностите на ова тесто е што има значително помалку калории од кое било друго, поради фактот што во 100 грама карфиол или само 25 калории.

Во однос на топинзите јас правев варијанти со: доматен сос, веганско сирење, пиперка, печурки, маслинки, тиквички, чери домат, тофу.

Доколку си љубител на пица а сакаш малку понекалорична опција со помалку јаглехидрати, те охрабрувам да ја направиш мојата пица од карфиол. Можеби одзема малку повеќе време за правење, ама многу е вкусна и здрава. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍕 Пица од Карфиол 🍕

Време на подготовка15 minutes
Време на готвење35 minutes
Вкупно време50 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна или ренде
  • кујнска крпа или вреќа за цедење млеко
  • сукало
  • твче за печење
  • хартија за печење

Состојки

  • ½ глава Карфиол околу 400 гр. цветови
  • 2 ½ с.л. Ленено семе/ Чиа еме, мелено или 1 ½ к.л. прашок за печиво
  • ¼ шоља Вода
  • шоља Бадемово брашно
  • 1 к.л. Оригано или босилек сушени. опционално но препорачливо
  • ¼ к.л. Лук во прав
  • ½ к.л. Сол
  • ½ к.л. Димена пипер опционално, но препорачливо

Инструкции

  • Најпрво треба да го иситните и обарите карфиолот. Ставете го во процесор за храна (или доколку немате, можете и да го изрендате) и иситнетиот „ориз од карфиол“ варете го или на пареа или во вода, за малку да омекне, помеѓу 4 и 6 минути. Убаво исцедете (доколку имате вреќа за правење млеко, можете да ја употребите.
  • Направете го јајцето од лен или чиа доколку се решите на таа опција. Оставете го во фрижидер 20тина минути.
  • Многу е важно убаво да го исцедите карфиолот. Колку поисцеден, толку подобро.
  • Измешајте го со сите останати состојки или во процесорот или со вилушка и формирајте топка.
  • Ставете ја топката (смесата) вр хартија за печење, претходно малку набрашнета (јас набрашнувам со пченкарно брашно) за да не ви се залепи и формирајте круг (или форма што ја сакате) со помош на притискање со раце или пак со сукало.
  • Доколку се репите да расукувате, ставете уште едно парче хартија од горе и расукувајте така, за да не ви се залепи. Јас најчесто ја натапкувам со раце.
  • Печете 20 минути или додека да добие златна боја и крцкави краеви.
  • Извадете ја од рерната и внимателно свртете ја со помош на второ парче хартија. Печете уште 8 минути. Внимавајте овој пат, за да не ви загори.
  • Извадете ја од рерна, завртете ја и наредете ги саканите топинзи, па печете уште дополнителни 5 минути.
  • Испечената пица оставете ја да се ислади 5 минути пред да ја исечете.
  • Некои предлози за топинзи: доматен сос, веганско сирење, пиперка, печурки, маслинки, тиквички, чери домат, тофу.

Вкупно парчиња: 1 пица
(препорачана порција: 1)
Нутритивни вредности од порција (** без топинзи, само тесто):
Калории: 454,5 kcal
Протеини: 16,75 гр.
Јаглехидрати: 23 гр.
Масти: 22,7 гр.
Влакна: 16,25 гр.

* к.л. = кафено лажиче - ќе го користам како кратенка
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната.

[Можеби ќе ве интересира] Сите пици


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .