2 ½с.л.Ленено семе/ Чиа еме, меленоили 1 ½ к.л. прашок за печиво
¼шољаВода
⅓шољаБадемово брашно
1к.л.Оригано или босилексушени. опционално но препорачливо
¼к.л.Лук во прав
½к.л.Сол
½к.л.Димена пиперопционално, но препорачливо
Instructions
Најпрво треба да го иситните и обарите карфиолот. Ставете го во процесор за храна (или доколку немате, можете и да го изрендате) и иситнетиот „ориз од карфиол“ варете го или на пареа или во вода, за малку да омекне, помеѓу 4 и 6 минути. Убаво исцедете (доколку имате вреќа за правење млеко, можете да ја употребите.
Направете го јајцето од лен или чиа доколку се решите на таа опција. Оставете го во фрижидер 20тина минути.
Многу е важно убаво да го исцедите карфиолот. Колку поисцеден, толку подобро.
Измешајте го со сите останати состојки или во процесорот или со вилушка и формирајте топка.
Ставете ја топката (смесата) вр хартија за печење, претходно малку набрашнета (јас набрашнувам со пченкарно брашно) за да не ви се залепи и формирајте круг (или форма што ја сакате) со помош на притискање со раце или пак со сукало.
Доколку се репите да расукувате, ставете уште едно парче хартија од горе и расукувајте така, за да не ви се залепи. Јас најчесто ја натапкувам со раце.
Печете 20 минути или додека да добие златна боја и крцкави краеви.
Извадете ја од рерната и внимателно свртете ја со помош на второ парче хартија. Печете уште 8 минути. Внимавајте овој пат, за да не ви загори.
Извадете ја од рерна, завртете ја и наредете ги саканите топинзи, па печете уште дополнителни 5 минути.
Испечената пица оставете ја да се ислади 5 минути пред да ја исечете.
Некои предлози за топинзи: доматен сос, веганско сирење, пиперка, печурки, маслинки, тиквички, чери домат, тофу.