Marija Marija Marija

🧁 Мафини со јапонски јаболки и кокос 🧁

мафини со јапонски јаболки - Хедер

Мафини со јапонски јаболки, или уште еден во серијата рецепти со јапонски јаболки, затоа што добив многу пораки дека имате во изобилие и дека немате идеја што да им правите. Прво и најважно – јадете ги свежи. Јапоснките јаболки имаат толку многу придобивки за вашето здравје, што секогаш првенствено треба да се јадат свежи. А потоа, направете ги овие мафини, чоколаден пудинг, или пак моето лепче.

Комбинација јапонски јаболки и кокос

Експериментот по мој вкус излезе успешен. Вкусот на кокосот и јапонските јаболки добро ли „легнаа“ еден со друг и овие мафини со јапонски јаболки излегоа навистина превкусни.

Се прават многу лесно и минимално се засладени (со сируп од урми) но секако, засладувачот можете сосем да го изоставите за уште поздрава варијанта.

Она што препорачувам да не го изоставувате е путерот од лешник, затоа што дава дополнителна сочност на мафините а и суптилен лешник вкус. Јас ставив само 1 лажица, но слободно можете да додадете и 2.

And just like that, имате 4 идеи што да правите со јапонските јаболка оваа сезона. Сакате уште идеи? Оставете ми коментар…

mafini so japonski jabolki

Зошто треба да ги направите овие мафини со јапонски јаболки?

И покрај тоа што набројав неколку причини зошто, еве уште неколку:

😋 Лесно се прават, вкусни се и имаат одлични состојки.
😍 Јапонските јаболки се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, и можат многу позитивно да влијаат на вашето здравје, целокупниот имунолошки систем.
😳 Исто така, го подобруваат здравјето на срцето и очите.
🤩 Плус, богати се со растворливи диететски влакна, кои го забавуваат варењето на јаглехидратите, спречувајќи скокови на шеќерот во крвта.

Инаку, целиот рецепт за моите мафини со јапонски јаболки е подолу 👇🏻 а кај мене на инстаграм во reels е и кратко, задолжително видевце. Подготовката е навистина многу лесна (и во еден сад) па сметав дека нема потреба да ја снимам целата.

Доколку имате јапонски јаболки, прво направете си го лепчето, а потоа и овие мафини! Превкусни се, (особено ако сте љубител на кокос) и, секако, многу здрави. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🧁 Мафини со јапонски јаболки 🧁

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење25 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер за блендање на јапонските јаболки
  • тавче за мафини / силиконски модли за мафини

Состојки

Суви состојки

  • 1 шоља Овесно брашно мелени овесни снегулки
  • ½ шоља Кокосово брашно
  • ½ шоља Кокос снегулки
  • 1 с.л. Какао
  • 1 к.л. Прашок за печиво
  • ½ к.л. Сода бикарбона
  • ½ к.л. Цимет
  • ½ к.л. Сол

Течни состојки

  • 1 ½ шоља Пире од јапонски јаболки изблендани јапонски јабплки без лушпа и семки
  • ¼ шоља Кокосово масло растопено
  • 1 с.л. Ванила
  • 1 с.л. Сируп од урми опционално
  • 1 с.л. Путер од лешник

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 170 и подгответе го калапот (или модлите) за мафини.
  • Во подлабок сад убаво измешајте ги сите суви состојки.
  • Додадете ги течните состојки и мешајте додека да добиете еднолично тесто.
  • Со лажица ставете од смесата во калапот/модлите, натапкајте нежно и ставете на печење околу 25 минути.

Вкупно парчиња: 12 мафини
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 153,5 kcal
Протеини: 3,5 gr.
Јаглехидрати: 20,15 gr.
Масти: 9,5+12+12+0,7+1+43+9+0,1
Влакна: 3,3 gr.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
**** Времето на печење многу зависи од рерната. Погледнувајте ги по 20 минути печење.

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .