Сите заслужуваме да се почестиме со овие љубовни колачиња со само 3 состојки. Доколку ме следите на инстаграм, веројатно веќе сте запознаени со мојата опсесија со комбинацијата таан и сируп – што да правам, врвна ми е! Епа еве и во форма на колачиња!
Освен што се многу вкусни и што се прават многу лесно, овие љубовни колачиња се направени од само 3 (плус црно чоколадо) состојки што се добри за вас (овес + таан + сируп од урми).
Таанот освен што е богат со селен, делува и како антиоксиданс, и ја намалува инфламацијата.
А за плус антиоксиданси можете да им направите вдлабнатини и да ги наполните со стопено црно чоколадо – и без ова се вкусни, ова е само „јагода на шлагот“
Многумина веќе ги пробаа, но доколку си еден од оние што се уште ги нема направено овие љубовни колачиња со таан, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🥠 Љубовни (таан-урми) колачиња 🥠
Oпрема
- тавче за печење
- хартија за печење
Состојки
- 1 шоља овесно брашно
- 1 шоља таан
- ¼ шоља сируп од урми
Инструкции
- Ги мешате сите состојки заедно, формирате топчиња и ги редите на тавче обложено со хартија за печење.
- Ги сплескувате со дното на чаша (или со рака) и печете во претходно загреана рерна на 170, 10 минути.
- Пред да ги ставите да се печат, со лажица или со прст направете им вдлабнатини (јас им направив срциња) коишто откако ќе се испечат ќе ги наполнте со стопено црно чоколадо. Овој чекор е опционален но јас го препорачувам. ставете ги во фрижидер за чоколадото малку да се стврдне.
Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 167,25 kcal.
Протеини: 4,65 гр.
Јаглехидрати: 14,325 гр,
Масти: 11,1 гр.
Влакна: 3,1 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .