Ги мешате сите состојки заедно, формирате топчиња и ги редите на тавче обложено со хартија за печење.
Ги сплескувате со дното на чаша (или со рака) и печете во претходно загреана рерна на 170, 10 минути.
Пред да ги ставите да се печат, со лажица или со прст направете им вдлабнатини (јас им направив срциња) коишто откако ќе се испечат ќе ги наполнте со стопено црно чоколадо. Овој чекор е опционален но јас го препорачувам. ставете ги во фрижидер за чоколадото малку да се стврдне.