Marija Marija Marija

🍨 Протеински чоко пудинг 🍨

Протеински чоко пудинг - Хедер

Протеински чоко пудинг или уште еден здрав пудинг, направен дома од супер состојки, готов за 3 минути. Единствена маана (да, има маана) е што кај нас нема silken tofu. Меко или свилено тофу јас купувам од соседните држави, најчесто од Солун, и доколку сте во можност, топло ви препорачувам да си набавите количина затоа што навистина можете да правите супер работи со него. Пудингов можете да го направите и со обично тофу, но треба да додадете млеко, да го блендате подолго и крајниот резултат да не биде silky smooth.

Митовите и вистините за тофуто

Многумина ми пишаа како тоа јадам тофу, нели е штетоно, нели се прави од соја па не треба да се консумира. Па нели сојата влијае на хормоните и тн. Во оваа прилика би сакала да разјаснам неколку работи:

Тофуто е еден вид на „сирење“ што се прави од соја. Се прави така што се завива свежо млеко од соја, се притиска во цврст блок и потоа се лади, слично како што традиционалното млечно сирење.

Протеински чоко пудинг
Протеински чоко пудинг

Дел од придобивките од тофуто

За дел од придобивките од тофуто имам доста пишувано во моите претходни рецепти со тофу, но, од корисни информации никогаш доста, нели?

Тофуто (и останатите производи од соја)н содржат природни соединенија наречени изофлавони – моќни антиоксиданси што помагаат во намалувањето на оксидативниот стрес предизвикан од молекулите наречени слободни радикали. Токму овој оксидативен стрес е вклучен и во стареењето и во појавата на голем број хронични болести. Соја исто така е особено богата со изофлавони и обезбедуваат други активни растителни соединенија, како што се сапонини.

Тофуто, е одличен извор на растителни протеини, обезбедувајќи ги сите девет есенцијални амино киселини кои ни се потребни за раст и развој и подобрување на имунитетот.

Сварливоста на протеинот во сојата, (што се однесува на тоа колку добро нашето тело може да го користи протеинот), е одлична, па дури и споредлива со онаа од животинските протеини.

Во кои случаи да внимавате на внесот на тофу

Прво, доколку сте алергични на соја и продукти од соја, тофу не смеете да консумирате. Иако случаите се ретки, сепак сојата може да ја попречи активноста на тироидната жлезда, што значи дека доколку имате проблеми со тироидата, внимавајте на количината на тофу што ја внесувате. Тофуто и останатите производи од соја содржат оксалат; па луѓето со историја на камења во бубрезите со калциум оксалат треба да внимаваат на количината на производи од соја што ќе ја консумираат. Генерално, консумацијата на соја и продукти од соја стана контроверзна во последниве години, но, Европската управа за безбедност на храна заклучи дека изофлавоните од соја не влијаат негативно на тироидната жлезда, градите или матката кај жените во постменопауза.

Да се вратиме на мојот протеински чоко пудинг

Добрата работа за овој протеински чоко пудинг е што нема што многу да се објаснува. Се прави екстремно брзо и лесно и има само 5 (или 6 доколку користите обично тофу) состојки. Засладен е со урми (нема подобро) богат е со протеини, диететски влакна и антиоксиданси – или се што недостасува во еден купечки пудинг.

Целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу во рецептот, а имате и видео од целата подготовка кај мене на инстаграм во reels

proteinski choko puding
Доколку сси љубител на пудинзи и кремови но сепак сакаш да пробаш поздрава варијанта (што е богата со протеини) тогаш дефинитивно те охрабрувам да го направиш мојот протеински чоко пудинг. Се прави буквално во секунди (не во минути) и има супер протеинска вредност. Така што, доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍨 Протеински чоко пудинг 🍨

Време на подготовка3 minutes
Вкупно време3 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • Процесор за храна или блендер

Состојки

  • 200 гр. Свилено тофу замена: обично тофу
  • 6 свежи Урми најдобро е да се сочни, доколку не се, накиснете ги малку во вода
  • 1 с.л. Ванила екстракт може и екстракт од Рум
  • 2 с.л. Какао
  • ¼ шоља црно чоколадо растопено
  • ¼ шоља (доколку користите обично тофу) Растително млеко овесно функционира најдобро

Инструкции

  • Ставете ги сите состојки во појак блендер или процесор за храна и блендајте додека да добиете пудинг смеса.
  • Поделете во чашки и послужете со свежо овошје.

Вкупно парчиња: 2 порции
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција: **без додатоци, само пудинг
Калории: Kcal
Протеини: гр.
Јаглехидрати: гр.
Масти: гр.
Влакна: гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .