Marija Marija Marija

🍒 Летен „крамбл“ со цреши🍒

крамбл со цреши - Хедер

Што е „крамбл“ со цреши

Да бидам искрена, не знам како е точниот израз за „крамбл“ со цреши на македонски. Баба ми го правеше со вишни, но рецептот не беше овој, сигурна сум дека имаше путер и јајца. Во секој случај, ова колаче мене секогаш ќе ме потсетува на баба ми, а ова е една поздрава варијанта.

Колачево нема додаден шеќер, се прави лесно и е многу освежително и вкусно. Ако не ми верувате, повелете, направете го и пресудете сами.

Од аспект на состојки, вкупно 7, и сите до една супер за вас! А најдоброто од се е чиа џемот од цреши. 😍 Кората е нежна и мека и нема шанси да познаете дека нема ниту брашно ниту путер ниту шеќер!

Рецептов го пишувам во јули, значи сезона на цреши, направете си го колачево и замрзнете си цреши за да моќете да си го правите и во зима.

„крамбл“ со цреши
„крамбл“ со цреши

Како да го направите овој „крамбл“ со цреши

Прво треба да го направите чиа џемот со цреши што всушност ќе ви биде филот. Притоа, доколку не сте правеле чиа џем, без грижи, се прави за 10 минути во едно обично тенџерче и со 3 стотојки – цреши, чиа и јаворов сируп (или засладувач по желба). Можете да го изоставите, но ќе биде прилично кисел.

Подетално објаснување имате во рецептот, но овде на кратко:
1. Ги ставате црешите во тенџерче на оган и го додавате јаворовиот сируп. Варите додека црешите да пуштат течност. Откако ќе омекнат, изгмечење ти го алатка за пире или лажица/вилушка.
2. Додадете го чиа семето и ватере со повремено мешање.
3. Тргнете го од оган и оставете го да се излади и да се згусне

База од овес и бадеми

Тестото за базата е неверојатно нежно и сочно, просто нема да ви се верува дека е само од овес и бадеми. Добро, тука е и путерот од кикирики на crux.mk – според мене, најдобриот путер од кикирики кај нас. Откако ќе го направите тестото за базата, важно е 2/3 да ставите на дното на тавчето и убаво да го натапкате, а 1/3 сочувајте ја за да ја „искршите“ од горе – од таму и терминот „крамбл“ (crumble). Подолу во рецептот ја имате целата постапка.

Океј, вкусни се но дали се здрави?

И вкусни и здрави – секако, доколку ги консумирате умерено. Не се совршено балансирани, ама секогаш можете да направите некој протеински крем или сладолед со индиски ореви и да го послужите во комбинација. Исто така, доколку не сакате цреши, можете да ги направите со малини, боровници, праски (или кое и да е вашето омилено овошје).

Доколку се уште го немаш пробано и направено мојот крамбл со цреши, еве ти прилика. Те охрабрувам, бидејќи се прави едноставно и е супер-вкусен. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍒 Летен „крамбл“ со цреши🍒

Време на подготовка15 minutes
Време на готвење40 minutes
Вкупно време55 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • алатка за вадење семки од цреши многу препорачливо
  • тенџерче
  • алатка за гмечење компир опционално, но препорачливо
  • тавче и хартија за печење
  • процесор за храна / блендер

Состојки

Чиа Џем

  • 2 шољи Цреши без семка, исечкани
  • 2 с.л. Јаворов сируп може да се изостави или да се замени со засладувач по желба
  • 2 с.л. Чиа семе

База / Корка

  • 1 шоља Овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 1 шоља Бадемово брашно
  • 1 Банана мека, презреана
  • ¼ к.л. сол
  • 2 с.л. Путер од кикирики

Инструкции

За џемот

  • Ставете ги црешите (откако ќе им ја извадите семката) заедно со јаворовиот сируп во тенџерче на оган додека да пуштат вода.
  • Времето на варење ќе зависи од тоа дали се свежи или смрзнати.
  • Откако ќе омекнат и пуштат течност, испасирајте ги со вилушка или со алатка за гмеење компири (пире).
  • Додадете ја чиата и варете уште 5 минути со повремено мешање.
  • Тргнете го од оган и оставете го да отстои и уште повеќе да се згусне.
  • Ставете го во тегличка и во фрижидер, доколку го подготвувате однапред како мене.

За кората

  • Загрејте ја рерната на 170 и обложете тавче за печење со хартија за печење.
  • Ставете ги сите состојки за кората во процесор за храна и блендајте додека да се соединат. Доколку немате процесор, можете да ги мешате со лажица или да го измесите тестото со рака.
  • ⅔ од тестото оди на основата. Убаво натапкајте го за да биде секаде еднаков слој. Сочувајте ⅓ за од горе.
  • Нанесете од џемот со лажица еднакво насекаде. Не ставајте од џемот сосем до краевите, за да не изгори.
  • Додадете го останатото тесто искршено како трошки од горе.
  • Печете 35/40 минути (во зависност од рерната) или додека да добие златно-жолта боја.
  • Извадете го од рерна и оставете го комплетно да се излади пред да го пресечете.

Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 2 бисквити)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: kcal.
Протеини: гр.
Јаглехидрати: гр.
Масти: гр.
Влакна: гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .