алатка за вадење семки од цреши многу препорачливо
тенџерче
алатка за гмечење компир опционално, но препорачливо
тавче и хартија за печење
процесор за храна / блендер
Ingredients
Чиа Џем
2шољиЦрешибез семка, исечкани
2с.л.Јаворов сирупможе да се изостави или да се замени со засладувач по желба
2с.л.Чиа семе
База / Корка
1шољаОвесно брашномелени овесни снегулки
1шољаБадемово брашно
1Бананамека, презреана
¼к.л.сол
2с.л.Путер од кикирики
Instructions
За џемот
Ставете ги црешите (откако ќе им ја извадите семката) заедно со јаворовиот сируп во тенџерче на оган додека да пуштат вода.
Времето на варење ќе зависи од тоа дали се свежи или смрзнати.
Откако ќе омекнат и пуштат течност, испасирајте ги со вилушка или со алатка за гмеење компири (пире).
Додадете ја чиата и варете уште 5 минути со повремено мешање.
Тргнете го од оган и оставете го да отстои и уште повеќе да се згусне.
Ставете го во тегличка и во фрижидер, доколку го подготвувате однапред како мене.
За кората
Загрејте ја рерната на 170 и обложете тавче за печење со хартија за печење.
Ставете ги сите состојки за кората во процесор за храна и блендајте додека да се соединат. Доколку немате процесор, можете да ги мешате со лажица или да го измесите тестото со рака.
⅔ од тестото оди на основата. Убаво натапкајте го за да биде секаде еднаков слој. Сочувајте ⅓ за од горе.
Нанесете од џемот со лажица еднакво насекаде. Не ставајте од џемот сосем до краевите, за да не изгори.
Додадете го останатото тесто искршено како трошки од горе.
Печете 35/40 минути (во зависност од рерната) или додека да добие златно-жолта боја.
Извадете го од рерна и оставете го комплетно да се излади пред да го пресечете.