Marija Marija Marija

🍵 Зелено кари 🍵

зелено кари - Хедер

Љубители на Таи храна, да се обединиме!

Не е лесно кога живееш во Македонија а ќе ти се пријаде тајландско зелено кари. Често се случува кај нас да нема многу од состојките или тие што ги има да се релативно скапи. Така, место тајландско зелено кари, во една ваква прилка, си направив Марија зелено кари. И оттогаш наваму, не сум престана да си го правам. 😬🙄 Можеби не е исто, ама е приближно и многу вкусно!

Зелената кари паста ја направив од спанаќ, рукола, ѓумбир, лајм, лук, младо кромитче, соја сос, куркума, чили и кари во прав. Пастата ја комбинирав со многу брокула и карфиол, печурки, чили пиперче, индиски ореви и тофу, за одличен баланс на јаглехидрати, масти и растителни протеини.

зелено кари

Здрави и достапни намирници

Веќе знаеме дека брокулата е кралица меѓу зеленчуците и поради нејзината моќност и бенефити што ги има по нашето здравје, треба што поввеќе да ја консумираме.

За карфиолот исто така знаеме дека ми е еден од фаворитите. и дека често го користам во моите оброци. И тоа буквално во се – во смути за појадок, во пици, чорби, плескавици, па дури и во мафини за десерт… За бенефитите иимам пишувано а исто така и неколку пати имам назначено дека најмногу го сакам затоа што многу најадову а има многу малку калории на 100 гр.

Во комбинација со брокула, печурки и тофу, добивате одлично нутритивно богатство. Вашиот стомак ќе се радува за убавините со коишто ќе го наполните. 🥰

Како да го направите моето зелено кари

Лесно и брзо – навистина. Се што ви треба е блендер за да го направите сосот. Остатокот е готвење на зеленчукот што ќе го употребите. Секако, можете да пробувате и со други зеленчуци, доколку не сте љубител на брокула и карфиол. Сепак, мојата препорака е задолжително да имате извор на протеин (што во мојот случај се печурките и тофуто).

Инаку, за сите што броите макрос, една порција има 33,55 гр. протеин и 42,3 гр. јаглехидрати, од кои 19,15 гр. се растителни влакна. Ова значи дека нето јаглени хидрати по порција изнесуваат 23,15 гр.

Целата постапка и сите намирници ги имате во рецептот подолу. А јас, со добра мисла ве упатувам да си ги набавите намирниците и да си го направите уште утре!

зелено кари
Доколку си љубител на зелено кари, еве ти прилика да го пробаш моето. Те охрабрувам, бидејќи се прави за 30тина минути и е превкусно и супер здраво! Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави мо коменар под овој пост.

🍵 Зелено кари 🍵

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер / процесор за храна

Состојки

Зелен Кари Сос

  • 1 шака Спанаќ
  • 1 шака Рукола
  • 1 парче Ѓумбир со големина од околу 2цм
  • 1 Сок и кора од лајм
  • 3 месечинки Лук
  • 2 Млади кромитчиња
  • 1 с.л. Соја сос или Тамари
  • 1 к.л. Куркума во прав
  • 1 к.л. Кари зачин во прав
  • 1 к.л. Чили зачин во прав

Зеленчук

  • 1 Кромид среден
  • ½ глава Брокула на цветови
  • ¼ глава Карфиол на цветови
  • 400 гр. Свежи печурки
  • 300 гр. Тофу
  • прстофат сол, сув зеленчуков зачин или останати зачини по желба
  • 200 гр. Кокосово млеко од конзерва, ½ конзерва

Инструкции

  • Во блендер или процесор за храна изблендајте ги сите состојки за кари сосот.
  • Во меѓувреме, продинстајте го зеленчукот што ќе го користите додека да омекне, или доколку користите печурки, додека да испари водата што ќе ја пуштат.
  • Откако зеленчукот ќе се издинста, додадете го сосот и гответе дополнителни 5 минути.
  • Сосем на крај, додајте го кокосовото млеко и гответе заедно уште 5 минути.
  • Можете да послужите со ориз, компир или самостојно со свежо чили, коријандер или магдонос или млад кромид. 🌶 🔥

Вкупно парчиња: 2 порции
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција: (*само кари без ориз или други додатоци)
Калории: 536,75 kcal.
Протеини: 33,55 гр.
Јаглехидрати: 42,3 гр.
Масти: 35,25 гр.
Влакна: 19,15 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .