Marija Marija Marija

🧋Ледено Енергетско Какао🧋

ледено енергетско какао - Хедер
ледено енергетско какао

Зошто треба да консумираме какао?

Причини зошто треба да консумираме какао има многу – пред сè поради тоа што многу лесно се додава во исхраната, вкусно е и има многу здравствени придобивки. А моето ледено енергетско какао освен што помага во намалување на инфламацијата, подобрување на здравјето на срцето и мозокот, контролирање на шеќерот во крвта, е вистинска енергетска бомба! Хранливо е, и многу е вкусно. Одлична замена за кафе ПЛУС, супер разладува во летните денови.

Тајната на доброто какао е пред се квалитетот на какаото. Трудете се какаото што го консумирате да биде минимум 80% (или повеќе) и да нема додаден шеќер. Идеално е да консумирате 100% какао за да сте сигурни дека ќе ги добиете сите антиоксиданси (полифеноли).

Тајната состојка на моето ледено енергетско какао

Големите мајстори никогаш не ја откриваат тајната ама, поентата на овој сајт е токму тоа, нели. Моето ледено енергетско какао е збогатено со Мака и Таан а тајната на вкусот, всушност е во зачините. Се прави буквално за 2 минути можете да го направите во блендер или со рачна маталка. Јас го пијам со многу мраз ама подеднакво вкусно ќе биде и во зимските денови. Прочитајте ги најзначајните придобивки од какаото 👇🏻

💪🏻 Богато е со полифеноли, коишто имаат значителни здравствени придобивки, вклучувајќи
намалување на воспалението и подобрување на нивото на холестерол;
🩸 Количината на флаваноли што ја содржи, помага во намалување на крвниот притисок преку подобрување
на количините на азотен оксид и функцијата на крвните садови;
🫀 Може да го подобри протокот на крв и да го намали холестеролот. Исто така, може да го намали ризикот од срцев удар, срцева слабост како и мозочен удар;
🧠 Флаванолите во какаото можат да го подобрат производството на неврони, а со тоа и да ја подобрат функцијата на мозокот, протокот на крв и снабдување со мозочно ткиво. Тие исто така имаат улога во спречувањето на стареењето и дегенерацијата на мозокот и состојби како што е Алцхајмеровата болест;
🥰 Може позитивно да влијае врз расположението како и да ги намали симптомите на депресија, нивото на стрес и подобрување на смиреноста, задоволството и целокупната психолошка благосостојба;
🍫 Какаото и темното чоколадо можат да го намалат ризикот од дијабетес и да придонесат во одржување на здрави нивоа на шеќер во крвта;
😋 Консумирањето на какао, може да ви помогне во контролата на тежината. Се смета дека какаото може да помогне со регулирање на употребата на енергија, намалување на воспалението и зголемување на оксидацијата на мастите, намалување на апетитот преку зголемено чувство на ситост;
🥱 Се смета дека какаото може да биде корисно за луѓето со астма, бидејќи содржи антиастматични соединенија, како што се теобромин и теофилин;
🍛 Какаото (што не содржи шеќер) може да помогне во одржување на здрави заби, бидејжи се бори против бактериите кои предизвикуваат кариес. Исто така помага во одржување на здрава кожа, заштитувајќи ја од сончева светлина, подобрувајќи ја циркулацијата, обезбедувајќи дополнителна хидратација.
Доколку си љубител на какао, или пак можеби сакаш да го замениш кафето со друг пијалок, еве ти прилика да го пробаш моите ледено енергетско какао. Те охрабрувам, бидејќи е здраво, вкусно, се прави многу лесно и брзо и ќе ти ја даде потребната енергија во текот на денот. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🧋 Ледено Енергетско Какао 🧋

Време на подготовка2 minutes
Вкупно време2 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер или маталка за кафе опционално

Состојки

  • ½ шоља врела (или зовриена) вода
  • ½ шоља растително млеко овес или индиски орев одат одлично
  • 2 с.л. квалитетно какао
  • 1 к.л. ванила
  • 1 с.л. таан опционално, но препорачливо
  • 1 к.л. мака
  • прстофат сол
  • ¼ к.л. цимет
  • ¼ к.л. кардамом
  • 1 к.л. сируп од урми опционално, но дава убава блажина

Инструкции

  • Ги мешате сите состојки заедно. Можете да користите блендер, рачен блендер, маталка за кафе или едноставно убаво да го измешате со лажица.
  • Послужувате со многу мраз.

Вкупно парчиња: 1 шоља
(препорачана порција: 1 пшоља)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 236 kcal.
Протеини: гр.
Јаглехидрати: гр.
Масти: гр.
Влакна: гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .