Marija Marija Marija

Пијалоци

🍓 Ладно јагода мача лате 🍓

ладно јагода мача лате - Хедер
јагода мача лате

Подетално за Мача и мача лате веќе имам напишано, па денес ќе се задржам на ова освежително ладно јагода мача лате. Затоа што верувале или не, Мача латето може да биде уште поинтересно, неверојатно освежително и вкусно! Ова е инаку втора комбинација на лате со вкус што ја правам. Првата беше со боровница и вишна (ќе ви го напишам и тој рецепт овде)

Доколку пиете мача лате, доколку ја читате објавава во лето и доколку барате нов, освежителен и летен мача вкус, ова јагода мача лате е совршениот избор за вас.

Кремаста, вкусна и слатка комбинација од мача, млеко и блендирани јагоди. А, освен што е атрактивно на изглед, има и одличен, освежителен овошен вкус, совршен за летно освежување.

П.С. ако ви се допаѓаат моите рецепти со мача, како на пример најдобриот мача чизкејк, тогаш за ова лате нема ни да дискутираме!

Јагода мача лате: овошен освежителен енергетски напиток

Придобивките од Мачата веќе ги знаеме, еден од најмоќните антиоксиданси со неверојатно многу здравствени придобивки, сега збогатен со благи јаготки, во чаша полна со многу лед.

Инаку, мачата и онака придонесува за подобро расположение, ама ова јагода мача лате, го подобрува расположението на друго ниво. Ќе ви даде енергија поради големото количество на кофеин а комбинацијата од витамин Ц уште повеќе го зајакнува имунитетот.

Направете си го, ви требаат само 5 состојки, чаша и мраз. А верувам дека ќе ви биде забавно и да го подготвите и сервирате (посебно на гости) 😎

За поубаво пиење, потрудете се јагодите да бидат сосем изблендани (јас сакам да имам парченца, ама реално, така потешко се пие).

И сосем за крај! Доколку не успеав да ве убедам со комбинацијата на вкусови, мислам дека изгледот дефинитивно ќе ве плени! Изгледа атрактивно, совршено – а мене такво ми е и на вкус! 🥰😍

jagoda matcha latte

‼️ Доколку не е сезона на јагоди, може да користите замрзнати, или пак да го направите ова лате со малини, вишни или боровници – всушност убаво е во секаква комбинација.

Доколку се уште го немаш пробано Мача, ти препорачувам да пробаш. За почеток, ова ладно јагода мача лате е супер избор за да не ти доминира вкусот на мачата. Плус, вкусно е, кремасто, освежително и овошно. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под одовј пост.

🍓 Ладно јагода мача лате 🍓 Read More »

🧋Ледено Енергетско Какао🧋

ледено енергетско какао - Хедер
ледено енергетско какао

Зошто треба да консумираме какао?

Причини зошто треба да консумираме какао има многу – пред сè поради тоа што многу лесно се додава во исхраната, вкусно е и има многу здравствени придобивки. А моето ледено енергетско какао освен што помага во намалување на инфламацијата, подобрување на здравјето на срцето и мозокот, контролирање на шеќерот во крвта, е вистинска енергетска бомба! Хранливо е, и многу е вкусно. Одлична замена за кафе ПЛУС, супер разладува во летните денови.

Тајната на доброто какао е пред се квалитетот на какаото. Трудете се какаото што го консумирате да биде минимум 80% (или повеќе) и да нема додаден шеќер. Идеално е да консумирате 100% какао за да сте сигурни дека ќе ги добиете сите антиоксиданси (полифеноли).

Тајната состојка на моето ледено енергетско какао

Големите мајстори никогаш не ја откриваат тајната ама, поентата на овој сајт е токму тоа, нели. Моето ледено енергетско какао е збогатено со Мака и Таан а тајната на вкусот, всушност е во зачините. Се прави буквално за 2 минути можете да го направите во блендер или со рачна маталка. Јас го пијам со многу мраз ама подеднакво вкусно ќе биде и во зимските денови. Прочитајте ги најзначајните придобивки од какаото 👇🏻

💪🏻 Богато е со полифеноли, коишто имаат значителни здравствени придобивки, вклучувајќи
намалување на воспалението и подобрување на нивото на холестерол;
🩸 Количината на флаваноли што ја содржи, помага во намалување на крвниот притисок преку подобрување
на количините на азотен оксид и функцијата на крвните садови;
🫀 Може да го подобри протокот на крв и да го намали холестеролот. Исто така, може да го намали ризикот од срцев удар, срцева слабост како и мозочен удар;
🧠 Флаванолите во какаото можат да го подобрат производството на неврони, а со тоа и да ја подобрат функцијата на мозокот, протокот на крв и снабдување со мозочно ткиво. Тие исто така имаат улога во спречувањето на стареењето и дегенерацијата на мозокот и состојби како што е Алцхајмеровата болест;
🥰 Може позитивно да влијае врз расположението како и да ги намали симптомите на депресија, нивото на стрес и подобрување на смиреноста, задоволството и целокупната психолошка благосостојба;
🍫 Какаото и темното чоколадо можат да го намалат ризикот од дијабетес и да придонесат во одржување на здрави нивоа на шеќер во крвта;
😋 Консумирањето на какао, може да ви помогне во контролата на тежината. Се смета дека какаото може да помогне со регулирање на употребата на енергија, намалување на воспалението и зголемување на оксидацијата на мастите, намалување на апетитот преку зголемено чувство на ситост;
🥱 Се смета дека какаото може да биде корисно за луѓето со астма, бидејќи содржи антиастматични соединенија, како што се теобромин и теофилин;
🍛 Какаото (што не содржи шеќер) може да помогне во одржување на здрави заби, бидејжи се бори против бактериите кои предизвикуваат кариес. Исто така помага во одржување на здрава кожа, заштитувајќи ја од сончева светлина, подобрувајќи ја циркулацијата, обезбедувајќи дополнителна хидратација.
Доколку си љубител на какао, или пак можеби сакаш да го замениш кафето со друг пијалок, еве ти прилика да го пробаш моите ледено енергетско какао. Те охрабрувам, бидејќи е здраво, вкусно, се прави многу лесно и брзо и ќе ти ја даде потребната енергија во текот на денот. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🧋Ледено Енергетско Какао🧋 Read More »

🥛 Млеко од лаванда🥛

млеко од лаванда - Хедер

Ова млеко од лаванда или познато и како „месечаво млеко“ е одлично за да се опуштите пред спиење и ќе ви помогне да заборавите на стресот во денот. Инаку, овој лесен рецепт за млеко од лаванда или месечево млеко е готов за помалку од 10 минути и користи само природни состојки кои се навистина добри за вас. За придобивките од користењето на лаванда, малку подетално имам објавено овде, па во овој пост ќе се сконцентрирам повеќе на ова млекце.

Месечевото млеко инаку е „велнес“ пијалок кој потекнува од Индија и има долга традиција во Ајурведата. Комбинацијата на растителните, хербални состојки има смирувачки ефект, може да го подобри спиењето и да ја победи несоницата.

Во основа на ова е растителен млечен пијалок со вкус на лаванда и има вкупно 7 состојки: камилица, ванила, ашваганда, смрзнати боровинки и јаворов сируп.

Има сладок и цветен вкус и нежна арома на лаванда. На вкусот влијае и типот на млеко што ќе го употребите (а слободно можете да ги изоставите боровниците).

млеко од лаванда
Доколку се уште немаш пробано месечаво млеко, еве прилика да пробаш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина релаксирачко и вкусно. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥛 Млеко од лаванда🥛 Read More »