Marija Marija Marija

🍮 Драмски чоколаден пудинг 🍮

black-cacao-pudding-header

Ова е дефинитивно најдобриот чоколаден пудинг што ќе го пробате! Вкусот е фантастичен: кремаст, чоколаден, густ, нутритивно богат и секако со многу придобивки за здравјето! Содржи здрави масти, витамин Б6, калиум, влакна, магнезиум, протеини и антиоксиданси. За разлика од кој било купечки пудинг, ова е дефинитивно најздравата опција. Доколку употребите многу зрели банани, не треба да додавате никаков засладувач, па така ќе биде сосем со природен овошен шеќер.

Инаку, кога прв пат го направив и објавив на мојот инстаграм профил, овој чоколаден пудинг го правев со црно какао и излезе многу ефектен (од таму и името). Без грижи, подеднакво е вкусен со секакво какао! Секако, колку е какаото поквалитетно, толку е и пудингот повкусен.

Една од бенефитите е што се прави за 5 минути. Но една од мааните му е што се јаде за 1 минута, буквално! 🤫

Од другите бенефити:

🥑 Авокадо: помага во справувањето со стресот и анксиозноста, го одржува нивото на шеќер во крвта, ја подобрува абсорбцијата на нутритиенти, го подобрува здравјето на кожата, коските, работата на мозокот и срцето…
🍌Банана: го намалува крвниот притисок, го подобрува здравјето на коските, богата е со калиум и витамин Б6, го намалува стресот и ја подобрува дигестијата…
☕️ Какао: ја подобрува еластичноста на крвните садови, содржи многу високо ниво на антиоксиданси, ја подобрува работата на срцето и мозокот, го помага слабеењето, го намалува ризикот од Алцхајмер…
🥜 Путер од кикирики: ја намалува констипацијата, го намалува ризикот од тип 2 дијабетес, придонесува за раст и развој на коските и мускулите, одличен извор на протеин, здрави масти, Б-комплекс витамини и антиоксиданси…

Доколку си еден од ретките што се уште го нема пробано најдобриот чоколаден пудинг, те охрабрувам да го направиш уште денес и доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍮 Драмски чоколаден пудинг 🍮

Време на подготовка5 minutes
Вкупно време5 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер / процесор за храна

Состојки

  • 1 меко, зрело авокадо
  • 1 многу зрела банана
  • шоља какао колку поквалитетно, толку подобро
  • шоља путер од кикирики
  • ¼ шоља засладувач ако бананата е многу зрела ставете дупло помалце
  • ¼ шоља растително млеко
  • прстофат сол

Инструкции

  • Ставете ги сите состојки во блендер или процесор и блендајте додека да добиете мека и кремаста пудинг смеса.
  • Млекото додавајте го постепено и ако смесата е многу густа, додадете уште малце млеко.
  • Наполнете во чашки за послужување и ставете го кратко во фрижидер да се олади.

Вкупно парчиња: 3 чашки
(препорачана порција: 1 чашка)
Нутритивни вредности од порција: ** само пудинг, без додатоци
Калории: 353,13 kcal
Протеини: 10,2 гр.
Јаглехидрати: 26,36 гр.
Масти: 23,5 гр.
Влакна: 9,13 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .