Marija Marija Marija

🍧 Чиа пудинг 🍧

чиа пудинг - Хедер

Чиа пудинг, или најпопуларниот појадок последниве неколку години. Океј, со причина е популарен и драго ми е што се консумира, НО, добро е да ги научите сите аспекти од консумирањето на огромна порција чиа пудинг.

Трудете се да го подготвувате дома

Свесна сум дека е полесно да си купите готов пудинг, но и не е баш. Подготовката на пудингот одзема буквално две минути, направете си го пред да си легнете. Ем ќе ја исконтролирате количината и калориите што ќе ги внесете, ем ќе си го спакувате во тгличка и нема да треба да потрошите уште еден пластичен сад. Исто така, ем ќе си го подесите вкусот БАШ онака како што сакате, ем ќе ве чини значително помалку.

Немањето време не е опција за иговор кога станува збор за подготовка на чиа пудинг. Затоа, или смислете нов изговор или станете да си направите.

чиа пудинг

Дел од придобивките од Чиа пудинг

Заедно со семето од лен, чиа семето е едно од 6-те најздрави семиња што можете да ги исконсумирате. Содржи кверцетин, антиоксиданс што може да го намали ризикот од развој на повеќе здравствени состојби, вклучително и срцеви заболувања. Чиата исто така е богата со влакна, коишто можат да помогнат да се намали високиот крвен притисок, што повторно придонесува за намалување на ризикот од срцеви заболувања.

чиа пудинг

Сите вкусови на Чиа пудинг

Чиа пудингот сам по себе нема никаков вкус. Семките натопени во течност се згуснуваат и добиваат структура на гел. Па така, вкусот на самиот пудинг ќе зависи од начинот на подготовка. Во голема мера од млекото, како и со додатоците што ќе ги ставите.

Во секој случај, начинот на подготовка е секогаш ист, само треба да бидете креативни со вкусовите (притоа да не претерате, бидејќи нели, баланс) и секој пат ќе имате различен чиа пудинг.

Сè е во топинзите

Јас секогаш користам свежо или смрзнато овошје (најчесто малини, боровници, капини, рибизли, јагоди, цреши). Пред се, бидејќи се ситни и лесни за додавање (не мора да ги сецкате). Исто така, речиси секој пат додавам по 1 лажица путер од јатки или семки. Велам една лажица (не како во купечките) бидејќи путерите иако се добри за вас, сепак имаат многу калории и масти. Исто така, зависно од пудингот, додавам гранола или пак јатки или семки или пак кокосов чипс.

Сепак, трудете се додатоците да не се премногу, бидејќи додаваат во калорискиот збир на крај. На кој вкус и да се решите, ве уверувам дека вашиот чиа пудинг ќе биде превкусен. Доколку ги следите моите упатства, ќе знаете колку калории сте внеле (секако, количините можете да ги модификувате доколку ви се потребни повеќе или помалку калории). И за мене доста важно, нема да мора да потрошите уште еден пластичен сад од купечки чиа пудинг – sorry guys, but less plastic is important!

Доколку се уште купуваш чиа пудинг место да си правиш дома, време е да ја смениш таа навика! Те охрабрувам, бидејќи се се прави многу лесно и дома подготвениот чиа пудинг нема премногу калории како купечките. Доколку си направиш некој од моите предлог-вкусови, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍧 Чиа Пудинг 🍧

Автор: Марија Марија Марија

Состојки

Ванила Чиа Пудинг (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе
  • ½ шоља Растително млеко
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба, опционално
  • 1 с.л. Ванила екстракт
  • 1 дозерка Протеин од ванила опционално
  • Топинзи по желба Банана, бадеми, боровница, кокосов јогурт

Чоколаден Чиа Пудинг (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе
  • ½ шоља Растително млеко
  • 1 с.л. Какао
  • 1 дозерка Протеин од чоколадо опционолно
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба, опционално
  • Топинзи по желба капки црно чоколадо, парчиња какао, кокосов јогурт, чипс кокос

Путер од кикирики и Џем (PB&J) (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе
  • ½ шоља Растително млеко
  • 1 с.л. Путер од кикирики
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба, опционално
  • 1 с.л. Чиа џем од малини/цреши/јагоди
  • Топинзи по желба Путер од кикирики, семки, свежи или смрзнати малини/цреши/јагоди

Солен Карамел Чиа Пудинг (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе
  • ½ шоља Растително млеко
  • 1 к.л. Мака во прав
  • 2 с.л. Таан
  • 1 с.л. Сируп од урма
  • Прстофат сол
  • 1 к.л. Ванила Екстракт
  • Топинзи по желба Бадеми, банана, капини,

Банана Сплит Чиа Пудинг (1 порција)

  • ½ Банана изгмечена
  • 2 с.л. Чиа семе
  • ½ шоља Растително млеко
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба, опционално
  • 1 с.л. Кокосов крем од конзерва
  • Топинзи по желба парчиња банана, боровници, семки тиква

Боровница Чиа Пудинг (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе
  • ½ шоља Растително млеко
  • ½ шоља Боровници свежи или смрзнати
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба, опционално
  • 1 к.л. Ванила екстракт
  • 1 с.л. Вегански јогурт
  • Топинзи Боровници,јогурт, јатки/семки

Мача Чиа пудинг (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе
  • 1 к.л. Мача во прав
  • ½ шоља Растително млеко
  • 1 с.л. Ванила екстракт
  • 2 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба
  • Топинзи по желба Кокос, јатки, семки

Крем и Јагоди Чиа Пудинг (1 порција)

  • 2 с.л. Чиа семе (1 за прв слој, 1 за втор слој)
  • ¼ шоља Растително млеко за прв слој
  • ½ шоља Растително млеко за втор слој
  • ½ шоља Јагоди изгмечени, за прв слој
  • 1 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба
  • 1 с.л. Ванила екстракт за втор слој
  • 1 с.л. Кокосов крем / Кокосов јогурс крем од конзерва, за втор слој
  • Топинзи по желба Јагода, банана, бадеми, путер од јатки

Тирамису Чиа Пудинг (1 порција)

  • 3 с.л. Чиа семе (по една за секој слој)
  • ¼ шоља Растително млеко за прв слој
  • ¼ шоља Растително млеко за втор слој
  • ¼ шоља Растително млеко за трет слој
  • 1 с.л. Какао за прв слој
  • 1 с.л. Јаворов сируп за прв слој – или засладувач по желба
  • 1 к.л. Инстант кафе за втор слој
  • 1 с.л. Јаворов сируп за втор слој – или засладувач по желба
  • 1 с.л. Ванила за втор слој

Инструкции

Еднослојни Чиа пудинзи

  • Ставете ги сите состојки, сем топинзите во тегла и убаво промешајте додека се да се соедини добро.
  • Доколку користите протеин, можеби ќе треба да додадете за нијанса повеќе млеко, затоа што протеинот згуснува.
  • Затворете ја теглата и ставете во фрижидер најмалку 3 ччаса или подобро, преку ноќ.
  • Пред да послужите, ставете ги саканите топинзи.

Повеќеслојни Чиа пудинзи

  • Користете онолку тегли колку што сакате слоеви. За Крем и јагода 2 тегли, за тирамису 3 тегли.
  • Подгответе ја чиата, согласно начинот на подготовка од погоре, само во посебни тегли.
  • Затворете и ставете во фрижидер, исто така најмалку 3 часа или најдобро преку ноќ.
  • Пред да послужите, во друга тегла, чаша или подлабок сад, истурете ги слоевите, еден по еден.
  • За крем и јагоди прво ставете го слојот со јагоди, па потоа ванила слојот.
  • За тирамису, прво ставете го какао слојот, па кафе слојот и на крај ванила слојот.
  • Послужете со топинзи по желба.

Вкупно парчиња: 1 порција
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција: *(2 лажици чиа со 1/2 шоља млеко, без додатоци)
Калории: 152 kcal
Протеини: 5 гр.
Јаглехидрати: 12 гр.
Масти: 10 гр.
Влакна: 11 гр.
Фолна, Калиум, Витамин А,
Витамин Б6

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .