Marija Marija Marija

🍵 Најдобриот Мача чизкејк 🍵

matcha-cheesecake-header

Кратка слатка приказна: сум пробала неколку различни видови на мача чизкејк и не затоа што овој јас си го направив во момент на инспирација, туку навистина е најдобар од сите што сум ги пробала. Објавен е на мојот инстаграм профил, и на уште пар онлајн места и дефинитивно заслужува аплауз и овации. 👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻
Не само затоа што е вегански, без глутен и добар за вас, туку пред се затоа што е НЕВЕРОЈАТНО вкусен!

мача чизкејк

За мачата веќе имам објавено детален пост, зошто е добра и зошто треба да ја пиеме, па да не се повторувам: одлична е и за телото и за умот, го подобрува вашето здравје и вашето расположение.

А овој мача чизкејк има сочна јаткаста база, кисело слаткаст крем, со блага нота на мача и преубава зелена боја! Доколку сте љубител на интензивен вкус на мача, можете да ставите и повеќе во кремот.

Инаку, за убавиот вкус на тортата, секако дека зависи и типот на мачата што го користите. Јас дома имам четири видови што ги користам (мора се да се проба, нели) и на вкус дефинитивно број 1 ми е мачата на Моya Matcha а потоа и на Rawnice којашто за жал не е секогаш достапна.

Но, бидејќи со Моya Matcha сме долго пријатели, со искористување на кодот „МММ10“ при порачка на некој од произвидуте, добивате 10% попуст.

matcha cheesecake
Доколку си еден од ретките што се уште го нема пробано најдобриот мача чизкејк, те охрабрувам да го направиш уште денес и доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🍵 Најдобриот Мача чизкејк 🍵

Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • процесор за храна / мултипрактик / блендер

Состојки

База

  • 1 шоља лешници тостирани
  • 1 шоља ореви тостирани
  • 1 шоља (10тина поголеми) свежи урми без семка
  • 1 с.л. Какао
  • ½ шоља Таан
  • 1 с.л. Ванила екстракт
  • 1 с.л. сусам

Крем

  • 2 шољи Индиски ореви
  • ½ конзерва околу 200 гр. кокосово млеко
  • Сок од ½ лимон
  • 2 к.л. просеана Мача ставете повеќе за поинтензивен вкус
  • ¼ шоља јаворов сируп или заслдувач по желба/вкус
  • 1 с.л. ванила екстракт

Инструкции

  • Започнете со мелење на оревите и лешниците во процесор за храна.
  • Се додаваат урмите и се блендаат заедно.
  • Се додаваат таанот, ванилата и сусамот и се бленда и понатаму, додека да се добие еднолична смеса.
  • Се натапкува во тавче обложено со хартија за печење, еднакво на цела површина и се става во фрижидер да се стегне додека се подготвува кремот.
  • Индиските ореви се полеваат со зовриена вода и се оставаат да киснат 15тина минути. Потоа, се ставаат во процесор и се блендаат.
  • Се додава кокосовото млеко и останатите состојки и се бленда додека да се добие кремаста смеса.
  • Се истура врз базата и се става во замрзнувач неколку часа за да се стегне. Пред да се исече се остава во фрижидер за малку да се одмрзне.

Вкупно парчиња: 12
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
**** Доколку не го правите двослојно, изоставете го какаото, или пак, доколку го правите сосем чоколадно, додајте го и какаото во сувите состојки
***** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте го да не ви загори или пак да не случајно не е добро испечено

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .