Marija Marija Marija

🥪 Здраво лепче од 3 состојки 🥪

здраво лепче од 3 состојки - Хедер
здраво лепче од 3 состојки

Иако го нареков здраво лепче од 3 состојки, всушност, не сум сигурна колку ова може да се нарече лепче, но сепак, ја има таа функција. Инаку, бидејќи се трудам да не јадам леб, или кога да јадам да биде со помало количество на јаглехидрати или без глутен, па така бидна и ова лепче. И секако, одлично е за здравјето дигестивниот систем поради влакната и секако антиоксидансите и омега-3 масните киселини! Погодивте – ѕвездата е неговото височество: ленено семе.

Многу слично како и моите тако тортиљи од лен, и ова лепче има буквално три состојки. Сомелено ленено семе, прашок за печиво и вода. Можете да додадете и сол или други зачини, по желба. Добро е за балансиран појадок или како додаток во салата, но важно е да не се претерува со количините (ленот, сепак, има доста калории).

Моја препорака е да го најдете со свежо овошје или зеленчук од типот на домат или краставица, малку хумус или некој нискокалоричен домашен намаз, од печурки на пример.

Домашно лепче, секогаш

Придобивките од консумирањето на ленено семе се енормни и ова моќно семе се користи уште од дамнешни времиња. Лененото семе се одгледувало во Вавилон уште во 3000 година п.н.е. Во 8 век, кралот Карло Велики толку силно верувал во здравствените придобивки од лененото семе што донел закони со кои се бара од неговите поданици да го консумираат. Сега, векови подоцна, веќе имаме и истражувања што го поткрепуваат она во што верувал Карло Велики.

А зошто домашно лепче? Како и за се останато што приготвувате дома – знаете точно што ставате. Кога ќе приготвите нешто дома, ја знаете неговата точна нутритивна вредност, па комбинирањето во балансиран оброк ќе биде многу подобро и поедноставно. Таков е случајот и со моето здраво лепче од 3 состојки, што всуност е здраво лепче од една состојка – неговото височество ленено семе 😍

Доколку сакаш поздрава верзија на домашно лепче, тоа е знак дека треба да го пробаш моето здраво лепче од 3 состојки. Те охрабрувам, бидејќи е поинакви, здраво и нутритивно богато. Плус, се прави многу лесно. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🥪 Здраво лепче од 3 состојки 🥪

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење1 hour
Вкупно време1 hour 10 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • мал сад за печење леб
  • хартија за печење

Состојки

  • 2 ½ шољи Ленено семе сомелено
  • 1 с.л. Прашок за печиво
  • 1 ⅓ шоља Вода
  • ¼ к.л. Сол опционално

Инструкции

  • Во длабок сад измешајте ги ленот, прашокот за печиво и (доколку користите) солта. 
  • Потоа постепено додавајте вода и мешајте додека да добиете цврсто и влажно тесто.
  • Ставете го во (❗️важно❗️) помал сад за печење обложен со хартија за печење и печете 60тина минути во претходно загреана рерна на 170. 
  • Оставете го целосно да се олади пред да го пресечете (за да се стврдне).

Вкупно порции: 12
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција (*без додатоци):
Калории: 373,75 kcal.
Протеини: 12,92 гр.
Јаглехидрати: 20,42 гр.
Масти: 29,5 гр.
Влакна: 19,16 гр.
Омега-3, витамин Б1, витамин Б6, витамин Б9, Магнезиум, Цинк, Селен, Фосфор…

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
*** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 

‼️ Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .