Marija Marija Marija

🥗 Веган Капрезе салата 🥗

веган капрезе - Хедер
Веган Капрезе салата

Мојата веган капрезе салата е здрава, брза и многу едноставна варијанта на класичната капрезе салата. Состојките се тие: домат, свеж босилек и единствено моцарелата се заменува со Тофу (за најдобар вкус, јас го маринирам со малку маслиново, сол, оригано и нутритивен квасец). Сосем за крај, малку балзамова крема и по некое каперс(че) за декорација и тоа е тоа.

Потекнлото на Капрезе салатата 🇮🇹

Инаку, првата приказна за потеклото на салатата Капрезе датира од Италија некаде по Првата светска војна. Приказната вели дека еден италијански ѕидар сакајќи да изрази почит и патриотизам кон Италија, решил да направи оброк што ќе биде визуелна презентација на тробојното знаме. Сепак, нејзиното оригинално потекло е од Капри (по што и го носи името). Се служи како antipasti (предјадење) а не како contorno (прилог салата).

Инаку, првото печатено спомнување на Caprese салатата е на менито на хотелот Quisisana – за којшто се верува дека е местото кадешто оваа салата е настаната.

Што ви треба за да ја направите оваа веган капрезе салата

Состојките, како што веќе знаете, треба да го формираат знамето на Италија 🇮🇹
💚 Босилек, 🤍 Тофу, ❤️ Чери (или обични домати). Плус зачини за подобар вкус и балзамова крема за финиш. А за комплетно автентичен вкус, пропрскајте и малку квалитетно маслиново масло. И тоа е тоа!

Воодушевувачка за сечие око…

А и за секој вкус! Оваа веганска капрезе салата е вистинска автентична копија на оригиналот. Солена, слатка, лесна и мноооогу освежувачка! Плус, балансирана и здрава! Веќе знаеме дека тофуто е одличен извор на растителен протеин. Само за споредба моцарелата е доста калорична, додека тофуто има 76% помалку калории. На 100 гр. моцарела има 318 калории, додека тофуто има 76 калории. Дополнително, за односот на макронутриенти, моцарелата има помалку протеини, помалку јаглехидрати и повеќе масти во споредба со тофуто по калорија. Соодносот е следен: Моцарела има сооднос на макронутриенти од 27:3:70 а тофу, 39:9:52 за протеини, јаглени хидрати и масти од калориите.

И уште еден, многу значаен податок. Тофуто има повеќе диететски влакна од моцарелата, 0,3 гр. 100 гр. додека моцарелата не содржи значителни количини.

vegan caprese salad
Доколку сте љубители на капрезе салата, пробајте ја мојата веганска варијанта. Освен што е вкусна, е многу поздрава, понекалорична и протеински побогата од класичната. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🥗 Веган Капрезе салата 🥗

Време на подготовка10 minutes
Вкупно време10 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 200 гр. Тофу исецкано на коцки
  • 200 гр. Чери домати или обични домати, исецкани на половинки или коцки (во зависност од доматите)
  • 100 гр. Босилек
  • 1 к.л. Сол
  • 1 к.л. Оригано
  • 1 к.л. Маслиново масло
  • 1 с.л. Нутритивен квасец
  • 1 с.л. Балзамова крема или Балзамико оцет
  • Каперси (неколку) опционално
  • Маслинки опционално

Инструкции

  • Исечете го тофуто на коцки и ставете го во подлабок сад заедно со маслиновото, нутритивниот квасец и зачините. Добро промешајте и оставете да се маринира додека ги сецкате доматите.
  • Исецкајте ги доматите и измијте го босилекот.
  • Измешајте се во чинија или пак, наредете ги на стапчиња, како што направив јас.
  • Зачинете со балзамико крема или оцет и пропрскајте малку квалитетно маслиново масло и сол.

Вкупно парчиња: 2 порции
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција: (** без додатоци, само салата)
Калории: 190 kcal
Протеини: 12,32 гр.
Јаглехидрати: 10,4 гр.
Масти: 12,9 гр.
Влакна: 3,95 гр.

* к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .