Marija Marija Marija

🎃 Есенско Тиква лепче 🎃

тиква лепче

Ова тиква лепче е есенската варијанта на најдоброто банана лепче и морам да признаам дека е негова достојна замена. Иако имам две верзии за банана лепче, а еден за тиква лепче – сепак рецептов е сосема доволен за да го правите цела есен.

Многу е вкусно, меко и сочно со ароматична есенска нота. Плус, е богато со витамин Ц, витамин Е, железо и фолат. Сето ова, го прави ова тиква лепче, одличен додаток во вашата исхрана за време на есенксите денови. Затоа што освен тоа што ги задоволува вкусовите, помага и во подобрување на имунитетот.

Има вкупно 10 состојки, се прави во еден сад и готово е за 40тина минути. Лесно, брзо, вкусно и здраво. Мислам дека не треба ништо повеќе нели – сите параметри се задоволени!

Како да го направите ова тиква лепче?

Сигурна сум дека одговорот ви е веќе познат. ЛЕСНО! 🤣 Целата постапка ја имате кај мене на инстаграм во reels а рецептот е подолу во објавата. Инаку, сигурна сум дека откако ќе го изгледате видеото, ќе посакате веднаш да го направите.

За сите состојки засебно, веќе имам пишувано многу пати и не би се повторувала. Можам само да ви потврдам дека како и останатите мои рецепти, така и ова тиква лепче е вкусно и здраво. И, секако, многу подобра опција од којбило купечки десерт.

Можете да го јадете за појадок со свежо овошје и путер од јатки, за ужина или десерт, па дури и за вечера. Нема многу шеќер (а можете шеќерот и комплетно да го изоставите или да го замените со еритрол или стевиа.

тиква лепче
Доколку си го пробал моето банана лепче, ти препорачувам да го пробаш и ова тиква лепче. Те охрабрувам да го направиш уште денес, бидејќи е многу вкусно и се прави многу лесно (плус е супер здраво). Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🎃 Есенско Тиква лепче 🎃

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење35 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • тавче за печење / силиконска модла

Состојки

Течни состојки

  • 1 ½ шоља Пире од тиква сварена или испечена тиква, испасирана
  • ½ шоља Кокосово масло
  • шоља Јаворов сируп или Кокосов шеќер
  • 2 Ленени „јајца“ 2 с.л. мелено ленено семе, растворено во 5 с.л. вода
  • ¼ шоља Растително млеко

Суви состојки

  • 2 шољи Овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 1 к.л. Сода бикарбона
  • 1 ½ к.л. Цимет
  • 1 к.л. Ѓумбир во прав
  • ¼ к.л. Сол
  • ¼ шоља Црно чоколадо (чоколадни капки) Опционално

Инструкции

  • Во подлабок сад ги мешате сувите состојки.
  • Потоа ги додавате течните состојки и ја мешате целата смеса.
  • Смесата ја истурате во тавче/модла за лепче обложена со хартија за печење и убаво израмнувате.
  • Ставате во претходно загреана рерна и печете 35-45 минути (зависно од рерната) на 170 степени.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција: **(без додатоци, само лепче)
Калории: 173 kcal
Протеини: 3,5 gr.
Јаглехидрати: 98 gr.
Масти: 10 gr.
Влакна: 2,1 gr.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
**** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте го да не ви загори или пак да не случајно не е добро испечено

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .