Сите заслужуваме чоколадна гранола во нашиот живот. А, оваа чоколадна гранола, освен што е мнооооогу вкусна, исто така е нутритивно богата, полна со омега-3 и други здрави масти, влакна, протеин, магнезиум, витамин Е, Б3, Б6, антиоксиданси и минерали. Ќе ви помогне во намалување инфламацијата, ја подобрува функцијата на срцето и мозокот, го намалува нивото на шеќер во крвта, и ве држи сите долг период. Не гледам зошто не би ја направиле уште веднаш, нели?
Се прави во еден сад, навистина брзо и лесно, а брзо и се пече – готова е за 10/12 минути. Можете да ја јадете за појадок со растителен (вегански) јогурт или млеко, за ужина, па дури и како десерт. Искомбинирајте ја со смути, овесна каша или чиа пудинг и свежо овошје.
Гранолата е супер опција за почеток на денот. Доколку ја направите дома ќе знаете дека внесувате нутритивно богат и балансиран оброк полн со здрави масти, јаглехидрати и дури и протеини. Ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити до ручекот. Плус какаото е одличен антиоксиданс, ја подобрува работата на срцето и мозокот и придонесува за здравјето на кожата и забите.
Доколку си еден од ретките што се уште ја нема пробано и направено чоколаднава гранола, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи веројатноста и ти да се навлечеш е ГОЛЕМА. Многу е вкусна и навистина лесно се прави. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
🍫Чоколадна гранола 🍫
Состојки
- 1 шоља овесни снегулки
- 1 шоља јатки (бадеми, лешници, ореви) исецкани
- 1 шоља семки (хељда, чиа, лелено, сончоглед, тиква)
- ⅓ шоља путер од кикирики
- ⅓ шоља кокосово масло растопено
- ⅓ шоља јаворов сируп или друг засладувач по желба
- 2 к.л. ванила екстракт
- ½ шоља кокос
- ⅓ шоља какао
- ½ к.л. сол
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 170 степени.
- Во поголем сад промешајте ги растопеното кокосово масло, сирупот, путерот од кикирики и ванилата.
- Во смесата додадете го овесот, јатките, семките (може да користите само овес), кокосот, какаото и солта и убаво промешајте додека се соединат.
- Обложете поголема тава за печење со хартија и распространете ја смесата еднакво.
- Печете 10-12 минути, на пола промешајте. Оставете комплетно да се олади без да мешате.
Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 2 лажици)
Нутритивни вредности од порција:
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .