Marija Marija Marija

🧀 Домашен вегански пармезан 🧀

homemade-vegan-parmesan-header
вегански пармезан

Добив неколку пораки на мојот инстаграм профил од луѓе што им треба соодветна замена за сирење (на вкус) па решив да објавам неколку од „сирењата“ што јас ги користам во мојата исхрана. Ќе се потрудам да ги опфатам сите опции (со и без јатки како и различни вкусови) за да можете да го најдете она што најмногу ви се допаѓа. За почеток, најлесното – „вегански пармезан“. Вообичаено правам две варијанти, и ова е првата.

Мојот прелесен вегански пармезан се прави со само 4 состојки

Индиски ореви: богати со каротеноиди и полифе-ноли – две категории на антиоксиданси што помагаат за намалување на инфламацијата. Го нама-луваат крвниот притисок, триглицеридите и холес-теролот. Имаат ниско ниво на шеќер а богати се со диететски влакна со што можат да придонесат во зашитата против тип 2 дијабетес.

Сончоглед: придонесува за подобрување на имуни-тетот, зголемување на нивото на енергија, намалу-вање на инфламацијата, подобрување на здравјето на срцето. Богат е со витамин Е, витамин Б1, витамин Б6, Железо, Селен, Манган, Цинк и Калиум.

Нутритивен квасец: е одличен извор на полно ви-тамини и минерали. Но поважно, нитритивниот квасец ги содржи сите 9 есенцијални аминокисели-ни, што го прави комплетен протеин како оние од животинско потекло.

Доколку се уште го немаш пробано овој вегански пармезан, еве прилика да го направиш (прелесен е!). Те охрабрувам, бидејќи е супер вкусен и нутритивен додаток. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🧀 Домашен Вегански Пармезан 🧀

Време на подготовка5 minutes
Вкупно време5 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер
  • тегличка со капак

Состојки

  • ¾ шоља индиски ореви непечени
  • ¼ шоља семки од сончоглед печени
  • шоља нутритивен квасец го дава вкусот на сирење
  • ½ к.л. лук во прав или по ваш вкус
  • ½ к.л. сол или по ваш вкус

Инструкции

  • Ги ставате сите состојки заедно во блендер.
  • Блендате кратко се заедно, ставате во тегличка со капак и чувате во фрижидер.
  • Може да се додава во салати, во паста, како додаток на пачениот зеленчук итн.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 2 лажици)
Нутритивни вредности од порција:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** к.л = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .