Брашното од наут е богато со витамини и минерали, има помалку калории од белото брашно, а од друга страна многу заситува поради големата количина на диететски влакна и протеини што ги содржи. Па овие тортиљи со спанаќ (врапови) се одлична идеја за вашиот следен ручек. Наполнете ги со хумус и многу свеж зеленчук и тофу и ќе имате преубав, многу здрав и балансиран оброк, за само неколку минути!
Рецептот за овие тортиљи со спанаќ беше доста популарен кога го објавив на мојот инстаграм профил веројатно затоа што враповиве се со само 4 состојки, се прават во блендер – што значи автоматски нема неред во кујна и се многу здрави!
Доколку се уште ги немаш пробано и направено овие тортиљи со спанаќ, те охрабрувам да ги направиш уште денес и доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija
За бенефитите од спанаќот нема потреба да пишувам на долго и на широко, единствено можам да порачам да го консумирате колку што можете повеќе, во комбинација со лимон за зголемување на количината на железо.
🥬 Протеински тортиљи со спанаќ 🥬
Oпрема
- блендер
- нелепливо тавче за палачинки
Состојки
- 1 шоља брашно од наут
- ½ шоља густин/нишесте
- ½ шоља спанаќ, свеж
- сол и зачини по вкус
Инструкции
- Ставете ги сите состојки во блендер или процесор и блендајте додека да добиете еднолична смеса.
- Доколку сакате помали и подебели тортиљи (како за такоси) ставете помалку вода (околу 1 шоља).
- Доколку сакате регуларна големина (како за бурито) тогаш ставете повеќе вода (околу 1 ¼ шоља).
- Истурете дел од тестото во нелепливо тавче (клучно!). На тавчето можете да капнете неколку капки маслиново масло (јас не користев).
- Печете ги околу 2-3 минути од една страна, завртете и печете околу минута-две од другата страна.
Вкупно парчиња: 6
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција (** без додатоци):
Калории: 205 kcal
Протеини: 8 гр.
Масти: 2 гр.
Jаглехидрати: 37 гр.
Влакна: 4,2 гр.
Железо, витамин Ц, витамин Е, калиум, магнезиум, фосфор, цинк, селен
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** Нелепливо тавче овде игра клучна улога
[Поврзано] Протеински врапови со 2 состојки
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .