🍫 Чоколаден пудинг со тофу и киноа 🍫
Овој чоколаден пудинг со тофу и киноа е кремаст, здрав и навистина неодолив! Плус богат со протеини и диететски влакна. Иако веќе имам два протеински пудинзи (чоко пудинг) и (двослоен пудинг) ова е уште една варијанта. Има само 6 состојки, се прави буквално прелесно а е навистина многу кремаст и вкусен. Засладен е само со урми што го прави уште поздрав и има само 370 калории и 15 грама протеин! Во однос на подготовката – јас го правам со свилено тофу за најкремаста текстура, но може да се направи и со обично тофу, но треба да додадете повеќе млеко, да го блендате подолго и крајниот резултат да биде silky smooth.
Зошто овој чоколаден пудинг со тофу и киноа е совршен избор?
✅ Полн со растителни протеини
✅ Кремаст и нежен
✅ Без млеко и без глутен
✅ Без вештачки засладувачи
✅ Лесен за подготовка – само неколку состојки и блендер, и имаш фантастичен десерт!


Вкусен, кремаст и неодоливо вкусен (а сепак здрав)!
Овој чоколаден пудинг со тофу и киноа е совршен баланс меѓу здраво и вкусно. Киноата му дава блага оревеста нота и дополнителна кремавост, додека свиленкастото тофу го прави нежно кремаст. Какаото му дава длабока чоколадна арома, а урмите го прават доволно благ, но без вишок шеќери. Тоа значи дека можеш да уживаш во секоја лажичка без грижа на совест! Кога последен пат си јадел таков пудинг?
Она што го прави овој десерт посебен е неговата хранлива и нутритивна вредност. Киноата е супер-храна богата со растителни протеини, железо и влакна, а тофуто додава растителни протеини, квалитетни аминокиселини и здрави масти. Ова не е само десерт – тоа е енергетски оброк кој ќе те засити и ќе ти даде сила во текот на денот. Без разлика дали го јадеш како здрав појадок, попладневна ужинка или вечерен десерт, овој чоколаден пудинг е идеален избор за сите што сакаат да се хранат подобро, а сепак да уживаат во неодоливи вкусови.
Целиот рецепт и начинот на подготовка го има подолу во рецептот, а имам и видео од целата подготовка кај мене на инстаграм во reels. Ова е десерт што ќе го обожаваш – лесен, хранлив и совршено чоколаден! 😍






Доколку сакаш брза и протеинска ужинка со богат чоколаден вкус, а не сакаш да јадеш купечки пудинг полн со процесирани шеќери, тогаш мојот чоколаден пудинг со тофу и киноа е тоа што ти треба! Многу вкусен и кремаст, со 15 грама протеин и само 370 калории, минимално засладен се прави буквално за неколку минути. Така што, доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.…
🍫 Чоколаден пудинг со тофу и киноа 🍫 Read More »

































