Marija Marija Marija

🎄 Божиќни цимет колачиња 🎄

Овие божиќни цимет колачиња се малку поинакви од вообичаените колачиња со шеќер или оние со ѓумбир. Имаат само неколку состојки, немаат брашно а од засладувач јас користев еритритол (за прв пат во мојот живот) затоа што не сакав да употребам шеќер во прав а со други засладувачи не ми успеваа 🤷🏻‍♀️. Инаку, одлични се како десерт за време на празниците, а можете. даги користите и како декорација за божиќни торти и колачи (особено ако убаво ги исцртате).

Ништо поубаво од мирис на цимет за време на празниците

Крцкави а сочни, со неодолив јаткас вкус и јака арома на цимет, овие божиќни цимет колачиња дефинитивно ќе ви го стоплат домот а и срцето за време на празниците. Јас им направив глазура од лимон, но не ги цртав. Ако имате повеќе време и сте вешти цртачи, ве предизвикувам магично да ги исцртате и декорирате.

божиќни цимет колачиња

Од рецептот мене ми излегоа 24 колачиња, но тоа же ви зависи од големината на формите што ќе ги сечете (јас користев различни). Глазурата од лимон можете да ја замените со црно чоколадо и мислам дека така ќе имаат уште подлабок вкус.

Моите божиќни цимет колачиња

Се прават навистина брзо и лесно, буквално за 15 мин. Имаат само 7 состојки, изобилуваат со здрави масти и антиоксиданси и прекрасен цимет вкус.

Но исто така, имаат малку калории и малку јаглехидрати, што ги прави супер за сите што внимаваат на дневниот внес. Немаат многу протеини, но можете да ги искомпбинирате со извор на протеин доколку сакате да го избалансирате и десертот. Целиот рецепт е објавен подолу во овој пост, а имате и кратко видео во reels кај мене на инстаграм.

Доколку сакаш last minute christmas cookies, што се прават за помалку од 15 минути и се многу вкусни и здрави, тогаш моите божиќни цимет колачиња се за тебе. Те охрабрувам да ги направиш, бидејќи се превкусни и ќе ти го исполнат домот со прекрасен мирис на цимет. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🎄 Божиќни Цимет Колачиња 🎄

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење7 minutes
Вкупно време12 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

Колачиња

  • 1 шоља Мелени лешници
  • ¾ шоља Мелени бадеми
  • 1 с.л. Цимет полна лажица
  • шоља Еритритол или шеќер во прав
  • 1 с.л. Ванила
  • 1 с.л. Сок од лимон
  • 1-2 с.л. Вода
  • прстофат Сол

Глазура

  • с.л. Еритритол или шеќер во прав
  • 2 с.л. Сок од лимон или вода

Инструкции

  • Сомелете ги лешниците и бадемите за да добиете брашно.
  • Во подлабок сад ставете ги сувите состојки, промешајте а потоа додадете ги и течните состојки и добро мешајте.
  • Замесете тесто и расукајте го помеѓу две парчиња хартија за печење.
  • Исечете форми и остатокот од тестото повторно замесете го и повторете ја постапката додека да го искористите целото тесато.
  • Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 6-7 минути.
  • Оставете ги добро. дасе оладат пред да ги премачката со глазурата.
  • За глазурата промешајте ги шеќерот и сокот од лимон додека да добиете сјајна глазура којашто потоа ќе ја премачкате врз колачињата.
  • Замена за глазура е стопено црнао чоколадо.

Вкупно парчиња: 24 колачиња
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 92,6 kcal
Протеини: 2,19 гр.
Јаглехидрати: 1,5 гр.
Масти: 8,02 гр.
Влакна: 1,31 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
***** Времето на печење зависи од типот и моќноста на рерната. Проверувајте ги да не ви загорат.

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .