Marija Marija Marija

🍨 Сладок крем од индиски ореви 🍨

сладок крем од индиски - Хедер

Овој сладок крем од индиски ореви е многу лесен и едноставен додаток на вашите десерти. Како и мојот најлесен чоколаден сос, така и овој, се прави за неколку минути и потребни се само 3 состојки: индиски ореви, урми и ванила.

Инспирацијата да го направам ми дојде кога ја правев чоколадната торта од киноа, но сфатив дека овој крем може да се употребува во каква било комбинација. Погоден е како додаток за појадок, ужина и десерт – или секој пат кога сакате минимално да се заблажите а да не посегате по купечки крем.

Вкусот е комбинација од ванила и карамела, но блажината е сосем суптилна а кремавоста ја одредувате самите вие со времето на мелење на индиските ореви.

сладок крем од индиски ореви
крем од индиски ореви

Како да го јадете овој сладок крем од индиски ореви?

Како додаток на вашите палачинки или вафли. Со ваето омилено банана лепче. Во комбинација со вашето омилено свежо или смрзнато овошје. Но и како фил во разни торти и колачи.

Буквално – овој крем можете да го јадете секако!

Слободно модификувајте го

Доколку сакате да добиете поинакво вкус, можете да употребите екстракт со ментол, чоколадо или пак рум и секој пат ќе добиете различен вкус.

А ако пак сакате да биде неутрален, не додавајте урми и нема да осетите никаква блажина.

Доколку ти недостасува здраво заблажување, те охрабрувам да го направиш и пробаш мојот сладок крем од индиски уште денес. Се прави брзо и лесно, а доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍨 Сладок крем од индиски ореви 🍨

Oпрема

  • процесор за храна

Состојки

  • 1 шоља Индиски ореви накиснети во зовриена вода минимум 2 часа
  • 5 Урми накиснети во врела вода 10 минути
  • 1 с.л. Ванила екстракт

Инструкции

  • Исплакнете ги и исцедете ги убаво индиските ореви и ставете ги во процесор за храна. Блендајте
  • Исцедете ги урмите и додадете ги заедно со ванилата во процесорот и блендајте додека да добиете еднолична, кремаста смеса.

Вкупно парчиња: 15 лажици
(препорачана порција: 1 лажица)
Нутритивни вредности:
Калории: 59,3 kcal
Протеини: 1,46 гр.
Масти: 4,26 гр.
Јаглехидрати: 4,6 гр.
Влакна: 0,46 гр.

Калиум: 5,13 мг.

* с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка*


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .