Marija Marija Marija

🍜 Нудли со путер од кикирики 🍜

Овие нудли со путер од кикирики за мене се вистинки “comfort food”. Плус, чувството кога го ставаш путерот од кикирики на @crux.mk и во други јадења сем десерти е навистина #priceless! Често се дел од нашето мени за ручек, и оправдано. Навистина се превкусни. Плус, секогаш ги правам со многу зеленчук за уште повеќе диететски влакна.

Инаку, класичниот сос од кикирики потекнува од Индонезија иако се користи и во Филипинската, Кинеската, Виетнамската и Тајландската кујна. Во основата содржи мелени печени или пржени кикирики (или во мојот случај путер од кикирики) соја сос, зачини и останати додатоци од зависност од земјата/кујната, како кокосово млеко, лимонова трева, чили пиперчиња, галангал итн. Густината на сосот зависи од количината на додадена вода и истата многу лесно можете да ја регулират. Јас најчесто го правам со оризови нудли а во недостаток на голем дел од намирниците, мојот сос е прилично лесен и едноставен. 

нудли со путер од кикирики

Но, тоа не значи дека не е вкусен – напротив! Кремаст, крцкав свеж и многу здрав. За уште повеќе протеин можете да додадете и димено тофу, сејтан или пропржено темпе.

нудли со путер од кикирики

Што ви треба за да ги направите овие нудли со путер од кикирики

Рецептот и начинот на подготовка се прилично лесен и едноставен. За сосот ви се потребни вкупно 6 состојки, плус нудли и зеленчук по желба. Јас најчесто овие нудли со путер од кикирики ги правам со млад кромид, морков, брокула, свежо чили пиперче и издробени кикирики.

Сите потребни состојки како и начинот на подготовка ги имате подолу во рецептот. Доколку правите поголема количина, слободно зголемете ги мерките за сосот. Исто така, можете да ги смените и зеленчуците што ќе ги ставите, со тоа што јас секакош препорачувам да имате брокула и чили во комбинацијата.

Причина плус да јадете со стапчиња

Освен што секако ќе примените (или научите) уште една вештина (а богами, јадењето со стапчиња е вештина и бара тренинг), исто така ќе јадете поспоро и повеќе ќе уживате во овој оброк. Поспорото јадење и поголемото уживање се дожи на фактот што во нашата традиција, јадењето е со вилушка. На вилушката сме навикнати и вешти. Додека пак, јадењето со стапчиња претставува различно искуство и тоа придонесува за поголемо уживање во јадењето. Барем во мојот случај. Доколку има експерти во јадење со стапчиња (од нашиве простори), да ми пишат во коментар дали за нив ова не важи 😊

nudli so puter od kikiriki
Доколку си љубител на азиска кујна, или уште поконкретно, доколку си љубител на нудли, тогаш дефинитивно треба да ги пробаш моите нудли со путер од кикирики. Те охрабрувам, бидејќи се прават многу едноставно а се многу вкусни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коменар под овој пост.

🍜 Нудли со Путер од Кикирики 🍜

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење10 minutes
Вкупно време20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

За Сос

  • 1 с.л. Путер од кикирики
  • 1 с.л. Соја сос или Тамари
  • 1 с.л. Оцет Јаболков или бел
  • 1 к.л. Чили сос срирача или слично, по вкус
  • 1 с.л. Маслиново масло
  • 3 с.л. Вода (во којашто се вареа нудлите)

За Нудли

  • 250 гр Оризови нудли
  • 500 мл. Вода
  • прстофат Сол

За Зелечнук

  • 3 Млади кромитчиња ситно исецкани
  • 2 Моркови поголеми, исецкани
  • 300 гр. Брокула издвоена на цветови
  • 1 Свежо чили ситно исецкано
  • 1 с.л. Маслиново масло

Инструкции

  • За подготовка на ова јадење, добро е да го вклучите мултитаскингот, односно да почнете да подготвувате се во исто време.

Нудли

  • На оризовите нудли, најчесто им треба многу малку време да се направат. Јас ги правам на следниот начин:
  • Во бокал за вода зовревам вода. Ја вклучувам ринглата и ставам тенџере, ја истурам зовриената вода, ги ставам нудлите и ги оставам да се сварам 2/3 минути (во зависност од времето потребно да се зготват, на некои им треба и помалку)

Зеленчук

  • Во поголемо тенџере (или вок тава) ставете маслиново и пропржете го зеленчукот додека да омекне.
  • Откако зеленчукот ќе омекне го гасите огнот, ги додавете нудлите и сосот и промешувате со штипка или шпатула.

Сос

  • Во тенџерче ги ставате состојките за состот и мешате додека да се соединат. Гистината ја регулирате со додавање на водата во којашто ги варите нудлите.
  • Готовиот сос го истурате врз нудлите во зеленчукот и внимателно промешувате за да се соедини.
  • Сосем на крај наросувате со исецкани кикирики и свеж млад кромид.

Вкупно парчиња: 2 порции
(препорачана порција: 1 порција)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: kcal.
Протеини: гр.
Јаглехидрати: гр.
Масти: гр.
Влакна: гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .