За подготовка на ова јадење, добро е да го вклучите мултитаскингот, односно да почнете да подготвувате се во исто време.
Нудли
На оризовите нудли, најчесто им треба многу малку време да се направат. Јас ги правам на следниот начин:
Во бокал за вода зовревам вода. Ја вклучувам ринглата и ставам тенџере, ја истурам зовриената вода, ги ставам нудлите и ги оставам да се сварам 2/3 минути (во зависност од времето потребно да се зготват, на некои им треба и помалку)
Зеленчук
Во поголемо тенџере (или вок тава) ставете маслиново и пропржете го зеленчукот додека да омекне.
Откако зеленчукот ќе омекне го гасите огнот, ги додавете нудлите и сосот и промешувате со штипка или шпатула.
Сос
Во тенџерче ги ставате состојките за состот и мешате додека да се соединат. Гистината ја регулирате со додавање на водата во којашто ги варите нудлите.
Готовиот сос го истурате врз нудлите во зеленчукот и внимателно промешувате за да се соедини.
Сосем на крај наросувате со исецкани кикирики и свеж млад кромид.