Marija Marija Marija

🥄 Намаз од Сончоглед 🥄

Овој намаз од сончоглед го правев толку одамна, и среќа што рецептот си го запишав во тефтер, инаку никогаш немаше да се сетам што точно ставив, па ќе морав да импровизирам…

Затоа, за да нема импровизации, или принтајте си ги рецептите, или запишувајте си ги во тефтер. Јас во моментов го користам овој:

намаз од сончоглед

Супер е тоа што доколку ви се допаѓа, имам и код за попуст, па откако ќе го додадете во кошничка, внесете го кодот MARIJAFRANKLY10 за да добиете 10% попуст (попустот важи за целата продавница, какои за продизводите што веќе се на попуст)

Зошто мојот намаз од сончоглед

намаз од сончоглед

Уф! Затоа што е многу вкусен, и може достојно да го замени мајонезот во исхраната. Ем поздраво ем супер вкусно.

Сфатив дека немам објавено многу намази, иако доста често си правам, па еве со овој намаз од сончоглед ќе си ја исправам грешката и ќе почнам да ги објавувам еден по еден.

Како што времето полека заладува, топлите сендвичи ќе бидат една од оние „comforting foods“ и добри, вкусни и здрави намази се задолжителни. Плус, знаете дека секогаш сум за да се јаде нешто подготвено дома, од убави намирници, затоа што секогаш можете да ја контролирате содржината и количината и нема да внесете непотребни работи или вишок масти, шеќери и калории.

Овој намаз од сончоглед е супер опција за појадок или за ужина, може да се комбинира со авокадо, домати или друг зеленчук по желба а супер е и во сендвичи!

Исто така, многу лесно можете да го претворите во мајонез – се што треба е да ставите малку повеќе вода и подолго да блендате. Така, ќе добиете здрав мајонез, од природни масти и без додадоци штетни за здравјето.

namaz od soncogled

Како да го направите овој намаз

Многу едноставно! Потребен ви е блендер или уште подобро процесор. Јас го направив погуст, но како што објаснив и погоре во постот, можете да го блендате подолго (со малку повеќе вода) и да го направите потечен за да добиете мајонез.

Има само неколку состојки, ништо екстравагантно. Јас му ставив повеќе лукче, затоа што лукче is life! Но вие слободно прилагодете си го вкусот според ваша желба. Ставете повеќе сенф и сок од лимон за да добиете повеќе вкус на мајонез.

И да не должиме многу, скрол надолу за да го видите целиот рецепт и начонот на подготовка, а секако имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

Доколку си љубител на намази, мојот намаз од сончоглед е твојот нов омилен намаз. Те охрабрувам да го направиш, бидејжи е многу вкусен, се прави многу лесно и стои во фрижидер (во добро затворен стаклен сад). Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коменар под овој пост.

🥄 Намаз од Сончоглед 🥄

Време на подготовка15 minutes
Вкупно време15 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер

Состојки

  • 1 шоља Сончоглед, непечен Киснет во врела вода, мин. 10 минути
  • ½ шоља Вода
  • 2 месечинки Лук можете и повеќе/помалку, по вкус
  • 1 к.л. Сол
  • 2 с.л. Сок од лимон
  • 2 с.л. Јаболков оцет или уште сок од лимон
  • 2 к.л. Сенф

Инструкции

  • Накиснете го и убаво исцедете го сончогледот.
  • Ставете ги сите состојки во блендер, и блендајте додека да ја добиете посакуваната густина.
  • Ставете во стаклен сад што добро се затвора и чувајте го во фрижидер.

Вкупно парчиња: 1 тегла
(препорачана порција: 1 лажица)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: kcal.
Протеини: гр.
Јаглехидрати: гр.
Масти: гр.
Влакна: гр.

* с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .