Marija Marija Marija

🥑 Авокадо Бомбици 🥑

авокадо бомбици - Хедер

Овие авокадо бомбици се уште едни во серијата брзи но заборавени десерти. Се прават многу лесно – за 2 минути, имаат богат чоколаден вкус и се нутритивно пребогати, густи и интензивни. Доколку се прашувате зошто баш авокадо бомбици, овде можете да прочитате подетално за сите продобивки од авокадото. Исто така, иако „го бие лош глас“ овде можете да прочитате зошто авокадото е добро доколку сакате здраво да слабеете.

Како да ги направите овие авокадо бомбици?

Купете си едно поголемо (или две помали) супер меки и супер зрели авокада. Јас лично купувам од Лидл, бидејќи многу се вкусни, а ги препорачувам оние со тврда црна лушпа. Потоа, земете го најдобриот путер од лешник @crux.mk и квалитетно какао. Додадете си засладувач по желба, измешајте, направете бомбици, извалкајте во какао и оладете. Толку. Без многу филозофии. Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу во објавава а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

Као за крај, моја препорака е да не јадете повеќе од едно во денот бидејќи се доста калорични. А доколку имате потреба од повеќе калории и храна со поголема нутритивна густина, тогаш овие авокадо бомбици се полн погодок!

авокадо бомбици
Доколку се уште ги немаш направено моите авокадо бомбици, не чекај друг знак - ова е тој! Те охрабрувам да ги направиш, бидејќи се прават многу лесно и едноставно а се многу нутритивно богати! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или да ми оставиш коментар под овој пост.

🥑 Авокадо Бомбици 🥑

Време на подготовка2 minutes
Active Time3 minutes
Вкупно време5 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Materials

  • 1 големо Авокадо или две помали
  • шоља Путер од лешник
  • шоља Какао
  • 2 с.л. Сируп од урми или засладувач по желба

Инструкции

  • Во подлабока чинија изгмечете го авокадото.
  • Потоа, додадете ги останатите состојки и убаво измешајте додека смесата убаво да се соедини.
  • Формирајте бомбици, извалкајте ги во какао и ставете ги малку во ладилник да се стврднат.

Вкупно парчиња: 13 бомбици
(препорачана порција: 2 бомбици
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 129 Kcal
Протеини: 3,1 гр.
Јаглехидрати: 5,6 гр.
Масти: 9,8 гр.
Влакна: 4,4 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .