Marija Marija Marija

🥥 Колачиња од кокос (без печење) 🥥

колачиња од кокос - Хедер

Овие колачиња од кокос прв пат ги направив за новогодишните празници кога пробував најразлични божиќни колачиња за празниците. Всуштност, првично тргнав да правам бомбици, па на крај излегоа овие супер колачиња од кокос коишто имаат мека текстура, не се печат и стојат долго во замрзнувач. Кога првично го објавив рецептот на мојот инстаграм профил, ги направив со сок од калинка. Иако комбинацијата од калинка и кокос е сон, сепак кога калинката не е во сезона, можете да ги направите и со сок од друго овошје. Заблажуваат а воошто не се преблаги. Одлично одат со чај и кафе, како десерт или како ужина.

Инаку колачињава се прават навистина лесно и сокот од калинка (или кое и овошје да го употребите) им дава одлична свежина. Плус можете да ги правите и за празниците а и во која било прилика, затоа што не одземаат време и се супер десерт!

Доколку се уште ги немаш пробано и направено овие колачиња од кокос, еве прилика. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни а не се воопшто преблаги. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥥 Колачиња од кокос (без печење) 🥥

Време на подготовка5 minutes
Ладење во замрзнувач20 minutes
Вкупно време25 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • блендер / процесор за храна
  • чинија / тавче / послужавник
  • хартија за печење
  • чаша со рамно дно

Состојки

  • 2 шољи кокос
  • 1 шоља Бадемово брашно или ситно мелени бадеми просеани низ сито
  • шоља Јаворов сируп
  • шоља Кокосово масло растопено
  • 3 с.л. сок од Калинка (исцедена) или друго исцедено овошје
  • шоља црно чоколадо растопено, за декорација
  • 1 к.л. кокосово масло за топење на чоколадото

Инструкции

  • Додадете ги сите состојки во процесор и блендајте се додддека не добиете тесто.
  • Доколку е потребно со шпатула собирајте од страните на блендерот.
  • Доколку тестото ви е пресуво, додадете уште 1 лажица сок.
  • Направете 20 мали бомбици и ставете ги на послужавник обложен со хартија за печење.
  • Потоа притиснете со чаша врз секое топче, за да направите колачиња и ставете ги во замрзнувач додека го топите чоколадото.
  • Откако ќе ги прелиете со чоколадо, (и останати топинзи по желба) вратете ги (и чувајте ги) во замрзнувач.
  • Одмрзнувајте 5 минути пред да ги јадете.

Вкупно парчиња: 20
(препорачана порција: 2 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .

[Поврзано] Најлесниот десерт на светот