Marija Marija Marija

🥮 Ролат од леќа 🥮

ролат од леќа - Хедер

Ако сме реални, овој ролат од леќа не е баш ролат ама не можев да смислам соодветен збор за ова јадење коешто дефинитивно ќе биде дел од вашиот семеен ручек или буквално на секоја следна празнична трпеза. Ова е одличен избор за оброк за време на постите или за кој било друг оброк кога сакате да пробате нешто поинакво од традиционалната манџа леќа.

Кога прв пат го објавив на мојот инстаграм профил, го подготвував околу новогодишните празници. Па, за време на празниците, додека останатите јадеа печено месо, јас јадев печена леќа и дефинитивно ми беше повкусно 🤤 Шала на страна, ова е уште еден навистина супер начин како да си ја подготвите леќата и ви препорачувам и охрабрувам да го пробате (за потсетување: во 100гр има 9гр протеин)

ролат од леќа

Леќата е богата со влакна, фолат и калиум што ја прави одличнa храна за здравјето на срцето. Помага во регулирање на крвниот притисок и одржување на здраво ниво на холестерол. Леќата исто така е одличен извор на железо, магнезиум, калиум и цинк. Богата е со и витамин Б1 ки полифеноли. Леќата исто така еден од најпознатите извори на растителни протеини и влакна.

Подготовката на овој ролат од леќа е релативно едноставна и нема да одземе повеќе од час и половине (од кои 40 минути е печење а 20 минути вањере, динстање). Многу е вкусен и здрав и секоја минута помината во подготовката, вреди!

Доколку се уште го немаш пробано овој ролат од леќа, еве прилика! Те охрабрувам, бидејќи е навистина вкусен и многу здрав. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🥮 Ролат од леќа 🥮

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење1 hour 10 minutes
Вкупно време1 hour 20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • тавче за печење леб
  • хартија за печење

Состојки

За леќата:

  • шоља зелена/кафена леќа незготвена
  • ¼ шоља киноа незготвена
  • 1 шоља зеленќукова супа, од коцка
  • ¾ шоља вода

За полнењето:

  • 1 помал кромид исечкан
  • 1-2 парчиња праз исечкан
  • 1 среден морков изрендан
  • ½ шоља овесно брашно
  • 2 с.л. ленено семе мелено
  • 2 с.л. нутритивен квасец
  • 2 с.л. кечап по можност домашен
  • 1 с.л. таан
  • зачини по желба оригани, димена црвена пипер, копар, лук во прав, сол и бибер

За глазурата:

  • 3 с.л. кечап по можност домашен
  • 1 с.л. балзамова крема
  • 1 с.л. соја сос
  • 2 с.л. јаворов сируп

Инструкции

  • Најпрво се варат лежата и киноата во супата и водата, додека да се упие целата течност а леќата да омекне.
  • Откако ќе се свари се остава убаво да се излади, и се пасира со вилушка (поголемиот дел да е испасиран, ама сепак да имаи цели зрна).
  • Додека леќата се вари, се динстаат кромидот, празот и морковот, додека да омекнат. Се оставаат да се изладат.
  • Во длабок сад се мешаат сварената изладена леќа и издинстаниот оладен зеленчук. Се додаваат зачините и останатите состојки за полнењето.
  • Смесата се става во тавче за печење леб, обложено со хартија за печење.
  • Се мешаат сите состојки за глазурата и се премачкува ролатот.
  • Ролатот се покрива со фолија и се пече во претходно загреана рерна на 180, 30тина минути.
  • Се вади фолијата и се пече уште 10тина минути.
  • Се остава убаво да се излади пред да се исече.

Вкупно парчиња: 9
(препорачана порција: 3 парчиња)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 838,26 kcal
Протеини: 11,87 гр.
Јаглехидрати: 179 гр.
Масти: 7,5 гр.
Влакна: 8,5 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .