Marija Marija Marija

🍜 Чорба од карфиол 🍜

чорба карфиол - Хедер
чорба од карфиол

Колку што е летото убаво за свежи салати, толку е зимата убава за чорби, супи и манџички, а оваа чорба од карфиол е уште една потврда за ова. Карфиол МНОГУ сакам а оваа супа е толку едноставна, вкусна и здрава, што ќе сакате да си ја правите секој ден, не само во зима.

Зошто Карфиол?

Затоа што карфиолот е еден многу моќен зеленчук со многу малку калории а многу витамини. Всушност, карфиолот ги содржи сите витамини и минерали што ви се потребни. Богат е со: диететски влакна, витамин Ц, витамин К, витамин Б6, фолат, калиум, магнезиум, фозфор… И сето ова со само 25 калории на 100 грама. Ова значи дека можете да изедете поголема количина што ќе ве најаде а да бидете во калориски дефицит. Интересно, нели 😊

Исто така, карфиолот може да се користи како замена на житарките и мешунките во вашата исхрана. И уште една примена – доколку минимално го обарите и замрзнете, можете да го користите како замена за банана во вашето смути. Ја дава истата кремаста структура а има значително помалку калории. А сега малку за мојата чорба од карфиол. Прв пат ја правев зимава, кога ја објавив на мојот инстаграм профил, и некако многу брзо ми стана фаворит. Јас лично често правам чорби и супи од се и сешто, и голем дел ќе се најдат овде на сајтов.

Доколку сакате да биде погуста, ставете помалку вода. Моја препорака е задолжително да додадете куркума – и поради придобивките и поради вкусот.

чорба од карфиол
Доколку си љубител на супи и чорби а се уште ја немаш направено оваа чорба од карфиол, еве прилика да ја направиш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина густа, кадифена и вкусна. Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🍜 Чорба од карфиол 🍜

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење20 minutes
Печење на карфиолот15 minutes
Вкупно време45 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • тавче за печење
  • тенџере
  • рачен блендер / блендер

Состојки

  • ½ помал карфиол
  • 1 црвен кромид
  • 3 месечинки лук
  • сол, бибер и куркума или други залини, по вкус
  • 2 с.л. крем од овес / индиски ореви / соја
  • вода количината зависи од густината што сакате да ја добиете

Инструкции

  • Убаво измијте го карфиолот, одделете го на цветови, зачинете го со маслиново и зачини по желба (црвена димена пипер одлично оди) и испечете го.
  • Во подлабоко тенџере продинстајте го кромидот и лукот.
  • Додадете го испечениот карфиол (може да зачувате некое печено цветче за декорација) и зачините.
  • Полијте со вода и варете неколку минути.
  • Изблендајте убаво и варете уште малку.
  • Послужете со парчиња печен карфиол, букова сол и ситно исечкани бадеми (опционално).

Вкупно порции: 3
(препорачана порција: 1 чинија)
Нутритивни вредности од порција:

* с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .