Marija Marija Marija

🎂 Чоколадна Роденденска Торта 🎂

чоколадна роденденска торта - Хедер
чоколадна роденденска торта

Среќен ми роденден!

Колку години полнам не е важно. Она што е важно е дека чоколадна роденденска торта до сега за роденден си немам направено. Вообичаено правам чизкејк (првично тоа ми беше намерата и годинава) ама некако решив дека ќе направам чоколадна торта, во една малку поздрава варијанта…


И така! Признавам, задоволна сум со изборот што го направив. Happy Birthday to me! 🎉🎉


Иако не мора се што јадеме да биде секогаш ултра здраво (добро е, доколку можеме да се придржуваме до принципот 80:20), сепак, поубаво се чувствувам кога знам дека тоа што го јадам освен што е вкусно, е направено од добри состојки. Така, освен што ќе имам малку помалку грижа на совест, ќе можам поопуштено да уживам во вкусот и секако – ПРИГОДАТА!

Мојата прва чоколадна роденденска торта

Како некој што повеќе сака овошни десерти и чизкејк, ваква торта правам прв пат и дефинитивно не погрешив! ОДЛИЧНА Е! Кремот е совршен, слатко-горчлив и свиленкаст, благодарение на @crux.mk путерот од кикирики. Јас ја искомбинирав со боровници, јагоди и малини од горе и комбинацијата вистина излезе перфектна. Мислам дека супер ќе оди и со цреши на врвот (pun intended) а за сите што сакаат да се почастат уште повеќе, може да си надробат и по некое орео.

Готова за 30 минути

И дечки, тоа е тоа што ви треба – торта готова за 30тина минути, да ја направите наутро и да ви биде готова и да не ја мислите после! Така беше и во мојот случај. Додуша, во мојот случај беа 3 мини торти, но тоа беше поради тоа што во хаосот со реновирање, не можев да го најдам големото тавче за печење, па тортава ја правев во мали тавчиња на неколку пати. Инаку, ја испеков рано утрината, па попладнето само ја декорирав и снимав, сликав за конечно да ја исечам и пробам…. 🤣🤣

А кремот…

Кремот е must-have!! Богат, декадентен, со многу какао и путер од кикирики… Ред протеини, ред антиоксиданси, ред тесто, ред крем… 😋🤤 Пробајте го, нема да зажалите. Дури можете да го направите засебно и да го искомбинирате со друго колаче или тортиче…

chokoladna rodendenska torta
Доколку си љубител на чоколадна торта, мојата роденденска чоколадна торта е супер (по)здрава варијанта. Слатко-горчлив вкус, природно засладена, со меко, чоколадно тесто и богат крем - совршена за секоја пригода (особено за роденден) Доколку ја направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🎂 Чоколадна Роденденска Торта 🎂

Време на подготовка5 minutes
Време на готвење25 minutes
Вкупно време30 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

Торта

  • ½ шоља Растително млеко
  • ¼ шоља Сируп од урми или засладувач по желба
  • 2 с.л. Ванила екстракт
  • ¼ шоља Кокосово масло растопено
  • шоља Путер од кикирики / лешник или јатки по ваша желба
  • ½ шоља Пире од јаболка незасладено
  • 1 к.л. Јаболков оцет или лимон
  • шоља Какао
  • 1 ½ шоља Овесни снегулки
  • 2 к.л. Сода бикарбона
  • ¼ к.л. Сол

Крем

  • 1 шоља Путер од кикирики
  • ½ шоља Какао
  • ¼ шоља Јаворов сируп или засладувач по желба
  • 1 с.л. Ванила Екстракт
  • 7-12 с.л. Растително млеко во зависност од густината што сакате да ја добиете

Инструкции

Торта

  • Овие количини се за 1 ниво – доколку сакате торта на 2 или 3 нивоа, потребно е соодветно да ги дуплирате количините на состојките.
  • Обложете тавче за печење со хартија за печење и намастете ги страните за да не се залепи тестото.
  • Во процесор за храна додавејте ги состојките по следниов редослед: млеко, засладувач, ванила, путер, сос јаболки, кокосово масло, какао, овес, сода, сол
  • ** Внимавајте растопеното кокосово масло да не го ставите веднаш по топлото млеко, бидејќи ќе направи грутки.
  • Блендајте на најјако додека да добиете еднолична смеса, односно еднолично чоколадно тесто.
  • Доколку тестото се лепи по краевите од блендерот, запрете, изгребете ги страните, промешајте и продолжете додека да измешате се убаво.
  • Важно е да се сомеле овесот, односно да нема преголеми парчиња од овесните снегулки.
  • Префрлете го тестото во тавчето за печење.
  • Загрејте ја рерната на 180°C. Доколку правите на два ката, тогаш или печете во две исти тавчиња, или во две тури.
  • Пеќете 25-35 минути (зависно од рерната) односно додека не испука горниот слој (или најдобро додека чепкалката не излезе сува).
  • Внимавајте да не го препечете тестото и да не ја исушите тортата.
  • Доколку го правите и кремот, оставете убаво да се излади пред да намачкате.

Крем

  • Ставете ги сите состојјки за кремот во процесор за храна и пулсирајте неколку пати додека се да се инкорпорира убаво. (Можете да мешате и со маталка или лажица, само ќе треба малку подолго)
  • Доолку ви се залепи по краевите, соберете со шпатула.
  • Откако тортата ќе се олади, премачкајте со кремот.

Вкупно парчиња: 10
(препорачана порција: 1 парче
Нутритивни вредности од порција: (еден слој тесто и еден слој крем)
Калории: 357 kcal
Протеини: 9,7 гр.
Јаглехидрати: 32 гр.
Масти: 24 гр.
Влакна: 7,8 гр.

Витамин А, Витамин B12, Витамин Ц, Витамин Д, Калциум, Железо, Магнезиум, Форсфор, Цинк,

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .