⅓шољаПутер од кикирики / лешникили јатки по ваша желба
½шољаПире од јаболканезасладено
1к.л.Јаболков оцетили лимон
⅓шољаКакао
1 ½шољаОвесни снегулки
2к.л.Сода бикарбона
¼к.л.Сол
Крем
1шољаПутер од кикирики
½шољаКакао
¼шољаЈаворов сирупили засладувач по желба
1с.л.Ванила Екстракт
7-12с.л.Растително млеково зависност од густината што сакате да ја добиете
Instructions
Торта
Овие количини се за 1 ниво - доколку сакате торта на 2 или 3 нивоа, потребно е соодветно да ги дуплирате количините на состојките.
Обложете тавче за печење со хартија за печење и намастете ги страните за да не се залепи тестото.
Во процесор за храна додавејте ги состојките по следниов редослед: млеко, засладувач, ванила, путер, сос јаболки, кокосово масло, какао, овес, сода, сол
** Внимавајте растопеното кокосово масло да не го ставите веднаш по топлото млеко, бидејќи ќе направи грутки.
Блендајте на најјако додека да добиете еднолична смеса, односно еднолично чоколадно тесто.
Доколку тестото се лепи по краевите од блендерот, запрете, изгребете ги страните, промешајте и продолжете додека да измешате се убаво.
Важно е да се сомеле овесот, односно да нема преголеми парчиња од овесните снегулки.
Префрлете го тестото во тавчето за печење.
Загрејте ја рерната на 180°C. Доколку правите на два ката, тогаш или печете во две исти тавчиња, или во две тури.
Пеќете 25-35 минути (зависно од рерната) односно додека не испука горниот слој (или најдобро додека чепкалката не излезе сува).
Внимавајте да не го препечете тестото и да не ја исушите тортата.
Доколку го правите и кремот, оставете убаво да се излади пред да намачкате.
Крем
Ставете ги сите состојјки за кремот во процесор за храна и пулсирајте неколку пати додека се да се инкорпорира убаво. (Можете да мешате и со маталка или лажица, само ќе треба малку подолго)
Доолку ви се залепи по краевите, соберете со шпатула.
Откако тортата ќе се олади, премачкајте со кремот.