Marija Marija Marija

🥜 Барови со Ориз и Путер од Кикирики 🥜

барови со ориз и путер од кикирики

Носталгија од детството со овие барови со ориз и путер од кикирики. Океј, овие барови не се баш исти како чоколадото со ориз „од наше време“ ама овој се прават ептен лесно и се мноооооогу вкусни! Плус, ви требаат само 4 состојки – ако не ја броиме цврстата волја што ќе ви биде потребна за да не ги изедете сите!

Ова е инаку еден од оние рецепти кога многу ти се јаде благо, од една страна, не сакаш да јадеш нешто нездраво а од друга страна не ти се поминува долго време во кујна.

Среќа за овие барови од ориз и путер од кикирики потребни се буквално 5 минути да се направат и отприлика 30тина за да се зацврстат. Мојот избор за путер од кикирики веќе го знаете: @crux.mk затоа што буквално НЕМА подобар путер од кикирики!

Како да си ги направите овие барови со ориз и путер од кикирики

Многу лесно и во само седум чекори! Целата постапка ја имате во рецептот долу, но чекорите се толку лесни и едноставни, сигурна сум дека без проблем ќе ги запамтите:

🥜 Чекор 1: Стопете го путерот од кикиритки и сирупот.
🍚 Чекор 2: Додадете го оризот.
🥣 Чекор 3: Убаво измешајте.
🥮 Чекор 4: Истурете во калап обложен хартија за печење.
🥶 Чекор 5: Замрзнете.
🍫 Чекор 6: Стопете го чоколадото со малку кокосово масло.
🍩 Чекор 7: Истурете го врз замрзнатиот ориз.

🥶 Повторете го Чекор 5!

Последниве три чекори не спаѓаат во подготовката:
1. Сечете. 2. Јадете. 3. Повторете. 🤤🤤🤤

барови со ориз и путер од кикирики
barovi so oriz i puter od kikiriki

Брзи, лесни, едноставни и (релативно) поздрави

Океј, да бидеме реални ова не е најздравиот десерт што можете да го најдете на мојот сајт. Сепак, путерот од кикирики изобилува со масти (ако здрави) но треба да бидете внимателни со количината.

Инаку, од оваа доза мене ми излегоа 7 големи, односно 14 мали барчиња. Вие можете да ги направите во големината што вам ви одговара, но тоа секако ќе ја примени калориската вредност засметана на крајот од овој пост.

Доколку си љубител на брзи и лесни десерти, тогаш дефинитивно треба да ги направиш овие барови со ориз и путер од кикирики! Те охрабрувам, пред се, затоа што се МНОГУ вкусни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или остави ми коментар под овој пост.

🥜 Барови со Ориз и Путер од Кикирики 🥜

Време на подготовка3 minutes
Време да се стегне во замрзнувач30 minutes
Вкупно време35 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • тавче и хартија за печење

Состојки

  • 1 шоља Путер од кикирики
  • ½ шоља Јаворов сируп
  • 1 шоља Експандиран ориз може да користите и експандирана хељда или друга житарка
  • 1 шоља Црно чоколадо растопено
  • 1 с.л. Кокосово масло може и маслиново

Инструкции

  • Најпрво растопете го путерот од кикиритки и сирупот. Ова можете да го направите во микро-печка или пак на рингла во тенџерче.
  • Во смесата од путер од кикирики и јаворов сируп додадете го оризот.
  • Измешајте за смесата убаво да се соедини.
  • Истурете ја смесата во калап (или силиконска модла) обложен со хартија за печење (за полесно отстранување).
  • Ставете во замрзнувач додека го топите чоколадото.
  • Растопете го чоколадото со малку кокосово масло.
  • Истурете го растопеното чоколадо врз замрзнатиот ориз.
  • Повторно замрзнете.
  • Пред да исечете, оставете малку да се отпушти.

Вкупно парчиња: 14 мали парчиња
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 208 kcal
Протеини: 4,85 гр.
Јаглехидрати: 14 гр.
Масти: 10,24 гр.
Влакна:
1,3 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .