Marija Marija Marija

🥑 Авокадо коцки 🥑

Овие авокадо коцки се еден малку поинаков десерт. Поинаков, затоа што се прави за 2 минути а е нутритивно пребогат и интензивен. Инаку, периодов сум во некоја зелена фаза, и во храната што ја јадам доминира зелената боја. Но, секако тоа не беше причината да ги направам овие авокадо коцки. Причината: нивнот состав. За бананата веќе имам многу детален пост, а за авокадото сум пишувала во неколку наврати, но ајде сега малку подетално.

Зошто Авокадо коцки?

Причина 1: нутритивниот состав

Авокадото е извор на многу хранливи материи, вклучувајќи здрави масти и диететски влакна. Содржи антиинфламатори и антиоксиданти и може да помогне во подобрување на здравјето во повеќе сфери. Авокадото е богато со хранливи материи што често се случува да недостасуваат во исхраната, како што се магнезиум, калиум, Б6, витамин Ц, витамин Е и фолат, а играат клучна улога во подобрување на имунитетот. Поради диететските влакна што ги содржи, авокадото го подобрува здравјето на дигестивниот систем. Исто така, може да помогне да во зголемување на нивото на HDL холестеролот што го штити срцето, а намалување на нивото на оксидираниот LDL холестерол.

Причина 2: подготовката

Се прават многу лесно и имаат само 5 состојки. Искористете еден сад и калапче за замрзнување, или пак замрзнете ги во оистиот сад. Ова една супер придобивка, затоа што не правите премногу неред дома. Јас ставив малку засладувач, но ако бананата ви е многу зрела, немате потреба. Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу во објавава а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.

авокадо коцки

Причина 3: вкусот

За вкусови не се расправа, но мене овие авокадо коцки ми се супер вкусни. Црното чоколадо им дава супер крцкав шмек а комбинацијата авокадо и банана е навистина супер.

Доколку се уште ги немаш направено моите авокадо коцки, те охрабрувам да ги направиш. Се прават многу лесно и едноставно а се многу нутритивно богати! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или да ми оставиш коментар под овој пост.

🥑 Авокадо коцки 🥑

Време на подготовка2 minutes
Ладење во замрзнувач30 minutes
Вкупно време32 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • ½ поголема Банана или една помала
  • 1 помало Авокадо
  • 2 с.л. Јаворов сируп или засладувач по желба, опционално
  • 1 с.л. Кокосово масло растопено
  • 2 с.л. Црно чоколадо капки или исецкано

Инструкции

  • Во подлабок сад испасирајте ги бананата и авокадото.
  • Додадете го кокосовото масло, засладувачот Ж(доколку користите) и црното чоколадо иубаво измешајте.
  • Ставете во силиконски калап или во помало калапче обложено со хартија за печење (за полесно отстранување) и замрзнете.

Вкупно парчиња: 12 коцки
(препорачана порција: 2 коцки)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 112,5 Kcal
Протеини: 0,9 гр.
Јаглехидрати: 9,3 гр.
Масти: 7,4 гр.
Влакна: 2,27 гр.

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи.  
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .