Овие авокадо бомбици се уште едни во серијата брзи но заборавени десерти. Се прават многу лесно – за 2 минути, имаат богат чоколаден вкус и се нутритивно пребогати, густи и интензивни. Доколку се прашувате зошто баш авокадо бомбици, овде можете да прочитате подетално за сите продобивки од авокадото. Исто така, иако „го бие лош глас“ овде можете да прочитате зошто авокадото е добро доколку сакате здраво да слабеете.
Како да ги направите овие авокадо бомбици?
Купете си едно поголемо (или две помали) супер меки и супер зрели авокада. Јас лично купувам од Лидл, бидејќи многу се вкусни, а ги препорачувам оние со тврда црна лушпа. Потоа, земете го најдобриот путер од лешник @crux.mk и квалитетно какао. Додадете си засладувач по желба, измешајте, направете бомбици, извалкајте во какао и оладете. Толку. Без многу филозофии. Инаку, целиот рецепт и начинот на подготовка го имате подолу во објавава а имате и кратко видео кај мене на инстаграм во reels.
Као за крај, моја препорака е да не јадете повеќе од едно во денот бидејќи се доста калорични. А доколку имате потреба од повеќе калории и храна со поголема нутритивна густина, тогаш овие авокадо бомбици се полн погодок!
Доколку се уште ги немаш направено моите авокадо бомбици, не чекај друг знак - ова е тој! Те охрабрувам да ги направиш, бидејќи се прават многу лесно и едноставно а се многу нутритивно богати! Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija или да ми оставиш коментар под овој пост.
🥑 Авокадо Бомбици 🥑
Materials
- 1 големо Авокадо или две помали
- ⅓ шоља Путер од лешник
- ⅓ шоља Какао
- 2 с.л. Сируп од урми или засладувач по желба
Инструкции
- Во подлабока чинија изгмечете го авокадото.
- Потоа, додадете ги останатите состојки и убаво измешајте додека смесата убаво да се соедини.
- Формирајте бомбици, извалкајте ги во какао и ставете ги малку во ладилник да се стврднат.
Вкупно парчиња: 13 бомбици
(препорачана порција: 2 бомбици
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 129 Kcal
Протеини: 3,1 гр.
Јаглехидрати: 5,6 гр.
Масти: 9,8 гр.
Влакна: 4,4 гр.
* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. ** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка *** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка
‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .