Marija Marija Marija

Зошто треба да пиеме чај од Ѓумбир?

Во овој водич ќе прочитате:

чај од Ѓумбир

Што е ѓумбир и зошто се користи

Ѓумбирот е цветно растение со потекло од Југоисточна Азија и е еден од најздравите зачини на планетата. Поради тоа што припаѓа на фамилијата Zingiberaceae“  се поврзува со коренот на куркума, кардамом и галангал (сите имаат слична коренеста структура).

Може да се консумира свеж, сушен, во прав, како масло, како сок, или во нашиот случај чај од ѓумбир! Исто така често се додава при готвењето (посебно околу божиќ 😝) но често се додава и во продукти за козметика а дури и во процесирана храна.

Придобивки од консумирање ѓумбир

Листата на придобивки од ѓумбирот е навистина долга, но може да ги издвојам најважните:

  1. ја подобрува дигестијата (варењето на храната),
  2. помага во борба против вируси и настинки (поради неговите антиинфламаторски и антиоксидантски ефекти),
  3. помага при вртоглавици и менструални болки.
  4. го намалува шеќерот во крвта,
  5. помага при намалување на симптомите на остеопорозата (особено на колената),
  6. го намалува хроничниот проблем со варењето на храната,
  7. го регулира холестеролот,
  8. може и да помогне во намалување на тежината
  9. го подобрува имунтетот
  10. ја подобрува состојбата и здравјето на кожата
  11. го регулира стресот
  12. ја подобрува функцијата на мозокот и штити од Алцхајмер
Јас порано воопшто не можев да го поднесам неговиот специфичен вкус, но сега не можам без него. Секое утро го пијам како чај, и ве охрабрувам и вие да пробате да го правите истото.
чај од Ѓумбир

Едноставен чај од ѓумбир

Чајот што јас го правам буквално се прави за минута, има само 3 состојки и е многу вкусен и освежителен. Лупам мало парче свеж ѓумбир и го рендам во шоља. Цедам половина (или цел) лимон и додавам врела вода. Ете толку.

Што можеме да заклучиме

Ѓумбирот е преполн со нутритиенти и биоактивни компоненти коишто имаат многу моќни придобивки за нашето тело и мозок. Всушност, ѓумбирот е еден од малкуте „супер-храни“ што вистински го заслужува тој термин. Може да ви помогне да се изборите со вирусите, го смирува стомакот, ја подобрува функцијата на мозокот и е супер додаток во исхраната или наутро како чај.

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .