Marija Marija Marija

Спанаќ: сè што треба да знаете

спанаќ - Хедер

Во овој водич ќе прочитате:

спанаќ

Моќните зелени листови

Спанаќ е дефинитивно една од супер-храните што планетата ни ги нуди. Тој го подобрува оксидативниот стрес, здравјето на очите и крвниот притисок. Одличен извор е на многу витамини и минерали, вклучувајќи:

🌿 Витамин А: Спанаќот е богат со каротеноиди, коишто телото ги претвора во витамин А.

🌱 Витамин Ц: Моќен антиоксиданс кој помага во здравјето на кожата и целокупниот имунитет.

🥬 Витамин К1: Неопходен за згрутчување на крвта. Имено, еден лист спанаќ содржи повеќе од половина од вашите дневни потреби.

🪴 Фолна киселина: Фолат или витамин Б9, соединение од витално значење за бремените жени и од суштинско значење за нормална клеточна функција и раст на ткивото.

💪🏻 Железо: Помага да се создаде хемоглобин, којшто пак го носи кислородот во ткивата.

🍵 Калциум: Неопходен за здравјето на коските и клучна сигнална молекула за нервниот систем, срце и мускули.

☘️ Магнезиум: го подобрува метаболизмот, го регулира срцевиот ритам и го одржува нивото на крвниот притисок.

Спанаќот содржи и неколку други витамини и минерали, вклучувајќи: калиум и витамини Б6 и Е.

Омилената храна на Попај (со причина)

Исто така, во спанаќот се содржат и неколку мноу важни растителни соединенија, како што се:

👁 Лутеин: Може да го подобри здравјето на очите.
🦠 Кемпферол: Може да го намали ризикот од рак и хронични болести.
🫀 Нитрати: Можат да го подобрат здравјето на срцето.
🤒 Кверцетин: Може да спречи инфекција и воспаленија. Спанаќот е еден од најбогатите диететски извори на кверцетин.
👀 Зеаксантин: Како и лутеинот, зеаксантинот исто така може да го подобри здравјето на очите.


15 докажани здравствени придобивки од спанаќ

1. Здрави и силни коски

Спанаќот содржи витамин К којшто помага за одржување на добро здравје на коските. Исто така, ја подобрува апсорпцијата на калциум во вашето тело. Во една шоља спанаќ има 250 милиграми калциум, што е одлично за коските и за забите. Бидејќи, како што сите знаеме, калциумот ги зајакнува и ги одржува вашите коски здрави. За да го извлечете максимумот од спанаќот, комбинирајте го со храна богата со витамин Ц. Така, ќе ја зголемите апсорпцијата на калциумот и железото.

салата спанаќ

2. Го намалува шеќерот во крвта

Спанаќот има висока содржина на калиум што обично се препорачува за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок. Се прашувате како калиумот влијае на лице кое страда од висок крвен притисок? Пред сè, со тоа што ги намалува ефектите на натриумот во телото.

3. Може да помогне во спречување на некои видови рак

Спанаќот е одличен извор на зеаксантин и други каротеноиди кои можат да ги исфрлат слободните радикали од телото. Слободните радикали се еден вид на нуспроизводи на метаболизмот. Тие можат да предизвикаат оксидативен стрес, што пак, предизвикува забрзано стареење и го зголемува ризикот од рак и дијабетес. Овие слободни радикали исто така го прават вашето тело подложно и на многу други болести. Поради можноста да ги исфрли слободните радикали, консумирањето на спанаќ може да го намали ризикот од некои типови на рак, како на пример рак на желудник, уста и хранопроводник, рак на проста и рак на дојка.

4. Со спанаќ и фит и сит!

Доколку сакате да ја намалите тежината, тогаш дефинитвно треба да додадете спанаќ во вашата исхрана. Спанаќот, освен што ги има сите витамини и минерали, има многу малку калории (само 23 на 100 гр.) Големото количество на влакна го помага варењето, го регулира нискиот шеќер во крвта и ја спречува констипацијата. Сè што треба да направите е да консумирате спанаќ барем еднаш дневно. Спанаќот ќе ве засити и ќе го намали вашиот апетит.

5. Добар е за очите

Како што веќе неколку пати кажав, антиоксидансите што се наоѓаат во спанаќот (лутеин и зеаксантин) помагаат во подобрување на видот. Нашите очи исто така содржат големи количини на овие пигменти, кои помагаат во заштита од штетните сончеви здрави. Спанаќот исто така може да ги заштити очите од катаракта и други проблеми. Додека, витаминот А пак, којшто се наоѓа во спанаќот помага во одржувањето на мукозните мембрани, неопходни за нормален вид.

6. Со спанаќ до опуштено тело (и ум)

Спанаќот помага во одржување на смирен ум и придонесува до живот без стрес. Големата количина на цинк и магнезиум што ги содржи, ви овозможува добро да спиете ноќе, а добриот сон може да помогне во голем дел од менталните болести. Плус, му помага на телото да остане опуштено и да ги одмори очите.

7. Моќен антиинфламатор

Спанаќот е суперхрана којашто содржи неоксантин и виолаксантин – две антиинфламаторни компоненти што ги регулираат воспаленијата. Овие антиинфламатори, можат да ви помогнат во спречување на остеопороза, мигрена, астма, артритис и главоболки.

8. Ја намалува хипертензијата (високиот крвен притисок)

Хипертензија, или попозната како висок крвен притисок, може да предизвика многу срцеви, бубрежни заболувања како и мозочен удар. Редовното консумирање на спанаќ може да ги спречи овие ризици и да ве одржи здрави. Дополнително, консумирањето спанаќ барем еднаш во денот, може да ја намали анксиозноста и стресот и да ви помогне да одржите мирен ум. Спанаќот содржи витамин Ц којшто исто така помага во намалување на хипертензијата.

9. Помага за нормално функционирање на мозокот

Јадењето на спанаќ сега, ќе има придобивки за време на староста. Спанаќот помага во одржување на вашиот мозок активен, а и ќе ви помогне подобро и појасно да размислувате. Ова се должи на витаминот К, којшто помага за здрав нервен систем.

10. Го зајакнува имунитетот

Имунолошкиот систем е создаден од повеќе органи, ткива и жлезди коишто го штитат организмот од надворешни супстанци и се борат против истите. Спанаќот помага во овој процес, пред сè, поради големата количина на витамин А и витамин Ц. Овие витамини ги зајакнуваат респираторните рецептори, цревните трактати и мукозните мембрани. Плус, освен што ве одржува здрави, редовното консумирање на спанаќ ќе ви даде енергија и ќе ве одржи активни во текот на денот.

11. Спречува срцев удар и атеросклероза

Прекумерните маснотии трупани низ годините, се складираат во вашите артерии, што доведува до задебелување кое може да резултира со мозочен удар и атеросклероза. Артериите имаат тенденција да се стврднуваат со текот на годините, па за го спречите ова, идеално е да консумирате спанаќ на дневно ниво. Количината на лутеин што се содржи во спанаќот ќе помогне во спречување на задебелување на артериите. Лутеинот исто така помага во спречување и ризикот од развој на срцеви заболувања.

12. Спречува анемија

Спанаќот содржи многу железо, што може да го спречи ризикот од појава на анемија. Железото е добро и за жените кои се во месечниот циклус. Железото, исто така, ја зголемува енергијата во телото и помага во пренесувањето на кислородот до сите клетки на телото.

13. Со спанаќ до сјајна и здрава кожа

Вашата кожа е најголемиот и најчувствителниот дел од вашето тело и доколку сакате мазна и блескава кожа, тогаш задолжително јадете спанаќ. Нашата кожа бара есенцијални хранливи материи и минерали коишто треба да ја одржуваат здрава и како резултат на тоа, овој листест зелен зеленчук е полн погодок. Витаминот А, витаминот Ц, витаминот Е и витаминот К што се содржат во спанаќот, играат клучна улога за здрава и сјајна кожа.

14. Спречува појава на акни

Акните се многу честа состојба на кожата. За жал, често пати појавата на акни влијае и врз самодовербата, но поважно, може да ја оштети кожата, оставајќи трајни лузни. Доколку се борите со оваа кожна штеточинка, обидете се да го зголемите дневниот внес на спанаќ во вашата исхрана. Така, ќе го намалите воспалението на кожата и ќе ги намалите акните. Можете да се обидете и да подготвите маска за лице од спанаќ: исблендајте спанаќ со малку вода додека да добиете паста. Нанесете на лицето и да почекајте 20-тина минути. Спанаќот ќе го намали воспалението и ќе ја отстрани нечистотијата и масло што може да предизвика акни.

15. Природен лек против стареење

Сите сакаме да сме вечно млади. Но, за волја на вистината, предвременото стареење е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат повеќето млади денес. Спанаќот е полн со антиоксиданси кои имаат тенденција да ги уништуваат и спречуваат слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење. Редовното консумирање на спанаќ ќе ја подмлади вашата кожа и ќе направи да изгледате помлади и поздрави. И не само што ќе изгледате, така и ќе се чувствувате!

БОНУС: Лесно ќе го инкорпорирате во исхраната

Хидратација

Спанаќот е навистина лесно да го икорпорирате во исхраната. Можете да го јадете свеж во салата, да го испечете со ориз, да го јадете сварен како манџа. Можете да го изблендате во смути и да го испиете. Но исто така и во пити, палачинки, проја… буквално како ви дупша сака!

Сè што треба да направите е да отидете на пазарче и да си купите убава количина спанаќ. А доколку не му е сезона, слободно купете замрзнат. И замрзнатиот спанаќ е подеднакво добар како и свежиот. Плус, можете секогаш да си го имате на залиха!

Што можеме да заклучиме?

Спанаќот е суперхрана богата со многу витамини, минерали и антиоксиданси. Го подобрува оксидативниот стрес, здравјето на очите и крвниот притисок. Консумирањето на спанаќ има многу придобивки, но дел од тие придобивки се: здрави и силни коски, намалување на шеќерот во крвта, намалување на ризикот од некои видови на рак, подобрување на здравјето на очите и видот, може да помогне во процесот на слабеење, го релаксира телото и умот, има антиинфламаторни дејства, го намалува крвниот приситок, ја подобрува функцијата на мозокот, го зајакнува имунитетот, спречува срцев удар и анемија, помага за здрава и сјајна кожа, појава на акни и го спречува стареењето на кожата. Плус, многу е лесен за инкорпорирање во секаков вид на јадења.

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .