Marija Marija Marija

🥛 Млеко од лаванда🥛

млеко од лаванда - Хедер

Ова млеко од лаванда или познато и како „месечаво млеко“ е одлично за да се опуштите пред спиење и ќе ви помогне да заборавите на стресот во денот. Инаку, овој лесен рецепт за млеко од лаванда или месечево млеко е готов за помалку од 10 минути и користи само природни состојки кои се навистина добри за вас. За придобивките од користењето на лаванда, малку подетално имам објавено овде, па во овој пост ќе се сконцентрирам повеќе на ова млекце.

Месечевото млеко инаку е „велнес“ пијалок кој потекнува од Индија и има долга традиција во Ајурведата. Комбинацијата на растителните, хербални состојки има смирувачки ефект, може да го подобри спиењето и да ја победи несоницата.

Во основа на ова е растителен млечен пијалок со вкус на лаванда и има вкупно 7 состојки: камилица, ванила, ашваганда, смрзнати боровинки и јаворов сируп.

Има сладок и цветен вкус и нежна арома на лаванда. На вкусот влијае и типот на млеко што ќе го употребите (а слободно можете да ги изоставите боровниците).

млеко од лаванда
Доколку се уште немаш пробано месечаво млеко, еве прилика да пробаш. Те охрабрувам, бидејќи е навистина релаксирачко и вкусно. Доколку го направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥛Млеко од лаванда🥛

Време на подготовка1 minute
Време на готвење7 minutes
Вкупно време8 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Состојки

  • 1 шоља млеко од овес или друго растително млеко
  • ½ к.л сува лаванда сомелена
  • ½ к.л. сува камилица
  • ¼ к.л. ашваганда во прав
  • 1 к.л. ванила екстракт
  • 1 с.л. јаворов сируп
  • 1 к.л смрзнати боровинки (опционално, за поинтензивна боја и овошна арома)

Инструкции

  • Ставете ги сите состојки во тенџерче и загрејте на среден оган 5 минути.
  • Намалете го оганот кога ќе почне да врие.
  • Оставете уште малку со повремено мешање.
  • Процедете со цедалка за чај (истиснете ги боровинките доколку користите) и ако сакате додадете уште јаворов или направете пена со маталка.

Вкупно парчиња: 1 шоља
(препорачана порција: 1 шоља)
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

Со Eстезис се спријателивме откако дознав за нив, бидејќи лаванда ми е голема љубов! Така што, ако ви фали лаванда, трк кај @esthesisscentmade to the rescue!

естезис лаванда

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .