Marija Marija Marija

🌾 Бисквити со лаванда 🌾

lavander-cookies-header

Дома скоро секогаш имам лаванда, па решив малце да ја активирам и во храната и да ги направам овие бисквити со лаванда. Зошто? Затоа што лавандата освен што има преубав мирис/арома и препознатлива боја (пред да се исуши), исто така има и еден куп придобивки за телото и умот. Веројатно во иднина ќе подготвам еден пост посветен само на лавандата, но за сега еве некои од придобивките:
🌾 Може да го подобри спиењето и квалитетот на сонот
🌾 Може да ја намали кожната иритација
🌾 Може да ја намали анксиозноста
🌾 Може да помогне во лекување на дамки и други состојби на кожата
🌾 Може да намали одредени болки
🌾 Може да помогне во справување со мигрената
🌾 Може да го намали крвниот притисок и да ја урамнотежи работата на срцето
🌾 Може да се избори со одредени габични инфекции
🌾 Може да помогне во раст на косата
🌾 Може да помогне во нарушувања во расположението

Лавандата, освен за во плакар 😂 можете да ја користите во чај, смути, лате односно „месечаво млеко“, како додаток на овошен јогурт или некоја каша… Но и во колачи, торти и останати десерти.

Важно е убаво да ја сомелете и секако да ја дозирате количината (доколку ставите многу, вкусот ќе биде предоминантен).

А сега малку за овие бисквити со лаванда

Прво и најважно – немаат глутен, поради тоа што користам оризово и бадемово брашно. Здрави се, ароматични, крцкави и совршено одат и со кафе и со чај, а богами и без ништо. Нивото на подготовка е средно комплексно, но ако имате искуство со подготовка на бисквити, ќе ви биде и лесно. А доколку не ве купив со вкусот – миризбата што ќе ја имате во домот откако ќе ги направите е непроценлива… Ќе сакате да ги правите секој ден!

‼️ Особено е важно да им бдеете додека се печат (среќа, се печат кратко) бидејќи многу брзо горат.

Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие бисквити со лаванда, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина крцкави и вкусни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🌾Бисквити со лаванда 🌾

Време на подготовка10 minutes
Време на готвење8 minutes
Време во замрзнувач30 minutes
Вкупно време48 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • пластична фолија

Состојки

  • ½ шоља оризово брашно
  • ½ шоља бадемово брашно
  • ½ к.л. ѓумбир во прав
  • ¼ к.л. сода бикарбона
  • к.л. сол
  • ¼ шоља ореви ситно исецкани
  • 1 к.л. сува лаванда
  • 4 с.л. кокосово масло стопено
  • 3 с.л. јаворов сируп

Инструкции

  • Во поголем сад ставете ги сите состојки и мешајте додека да доиете цврсто тесто.
  • Ставете го тестото на хартија за печење или пластична фолија и замотајте го во црево и ставете го во фрижидер 30 минути да се стегне.
  • Иавадете ја ролната, одмотајте ја и исечете тенки кругови.
  • Загрејте ја рерната на 180 и обложете тавче за печење со хартија за печење.
  • Печете 8-10 минути, со ОСОБЕНО внимание затоа што многу брзо горат.

Вкупно парчиња:
(препорачана порција: 4 парчиња
Нутритивни вредности од порција:
Калории:
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам мерилки, ви препорачувам да набавите, многу се корисни а воопшто не се скапи. 
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка
*** к.л. = кафена лажичка - ќе го користам како кратенка

Со Eстезис се спријателивме откако дознав за нив, бидејќи лаванда ми е голема љубов! Така што, ако ви фали лаванда, трк кај @esthesisscentmade to the rescue!


‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .