Marija Marija Marija

Автофагија: што е и кога се случува

автофагија - Хедер

Во овој водич ќе прочитате

avtofagija

За Наизменично (повремено) постење, односно „Intermittent fasting (IF)“ веќе имам објавено доста темелен текст. Овде, ќе научиме мелку подетално за процесот Автофагија, кога и зошто се случува, како и процесите што се случуваат во вашиот организам кога е во автофагија.

Што е Автофагија?

Автофагијата е природен процес во кој клетките на телото ги чистат сите оштетени или непотребни компоненти со цел да се обезбеди регенерирање на понови, поздрави клетки. „Авто“ значи себе, а „фагија“ значи јаде. Значи, во буквален превод, автофагијата значи „самојадење“. И претставува токму тоа: еволутивен механизам за самоодржување преку кој телото ги отстранува дисфункционалните клетки и ги рециклира за да постигне поправка и чистење на клетките.

Кога се случува Автофагија?

Наизменичното (повремено) постење и кетогенската диета се најлесен начин да постигнете автофагија. Всушност, постот е [веројатно најефикасен] начин.

Но, истражувачите веруваат дека постојат и други начини да индуцирате аутофагија. На пример, со вежбање. Всушност, постојат докази дека вежбањето ја зголемува автофагијата во мускулите. Научниците исто така веруваат дека куркумата може да предизвика автофагија. Но, повторно ќе напоменам дека истражувањата се во недоволен број и во најголема мера изведени на лабораториски глувци. Се додека не се објават повеќе клинички студии со пациенти, ниту една од овие теории не може стопроцентно да биде потврдена.

Целиот процес

Подолу на сликите е објаснет целиот процес што се случува во вашето тело од моментот штом се најадете (од последниот оброк) па се до следнте 23-34 часа кога телото влегува во автофагија.

автофагија
автофагија

Кои се придобивките од Автофагија?

Автофагијата и можните придобивки за здравјето, се уште е прилично нова тема за којашто се потребни уште многу клинички истражувања. Во најголема мера, придобивките се однесуваат на долговечноста. Научниците сметаат дека афтофагијата е еден начин на телото да го врати часовникот назад и да создаде нови, помлади клетки. Имено, кога организмот и клетките во него се под стрес, автофагијата се зголемува за да не заштити. Овој процес се верува дека помага да се подобри животниот век. Кога сме гладни, автофагијата го одржува телото со тоа што го разградува клеточниот материјал. На клеточно ниво, придобивките од автофагијата вклучуваат:

  • отстранување на токсичните протеини од клетките кои се припишуваат на невродегенеративни болести, како што се Паркинсонова и Алцхајмерова болест;
  • рециклирање на резидуални протеини;
  • обезбедување на енергија и градежни блокови за клетките;
  • поттикнување регенерација и здрави клетки;
автофагија придобивки

Во последно време, автофагијата добива особено големо внимание поради улогата што може да ја игра во спречувањето или лекувањето на одредени типови на рак. Истражувачите веруваат дека новите клинички студии ќе дојдат до сознанија што ќе им помогнат да ја насочат автофагијата како терапија за одредени ракови.

Можни несакани ефекти (последици)

Пред сè, многу е важно е да се направи разлика помеѓу ризиците од самата автофагија и ризиците поврзани со обидите на луѓето да индуцираат (предизвикаат) автофагија.

Бидете особено внимателни во индуцирањето на автофагија, за да не го доведете организмот до истоштување или за да не предизвикате други проблеми. Иако, како што напоменав, се потребни уште многу клинички студии на оваа тема, сепак, некои студии покажуваат дека прекумерната автофагија може да ги убие клетките во срцето, па дури и да предизвика одредени срцеви проблеми.

Што можеме да заклучиме

Автофагијата е природен процес во кој клетките на телото ги чистат сите оштетени или непотребни компоненти со цел да се обезбеди регенерирање на понови, поздрави клетки. Наизменичното (повремено) постење и кетогенската диета се најлесен начин да постигнете автофагија. Но, постојат и други начини да индуцирате аутофагија. На пример, со вежбање. Во однос на придобивките, во најголема мера се однесуваат на долговечноста. Во последно време, автофагијата добива особено големо внимание поради улогата во спречувањето или лекувањето на одредени типови на рак. Но, се додека не се објават повеќе клинички студии со пациенти, ниту една од овие теории не може стопроцентно да биде потврдена. 

Доколку сакате да прочитате повеќе и потемелно да се запознаете со овој метод на исхрана, повелете некои страници што јас ги користам за едукација:

https://nutritionfacts.org/
https://peterattiamd.com/
https://www.healthline.com/ 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .