Marija Marija Marija

🥜 Најдобрите Сникерс барови 🥜

сникерс барови - хедер

Луѓето се делат на 4 типа: Баунти, Сникерс, Твикс и Марс 😂 Рецепт за здрави Баунти барови веќе имате објавено (без грижи, ќе има за сите) па сега се на ред овие Сникерс барови – совршена комбинација од мека основа, вкусен карамел и крцкави кикирики! Плус кога се направени дома, од целосни и здрави состојки, имаме вистинско совршенство! 🥰 Ете такви се овие барови: СОВРШЕНИ! Имав неколку обиди на усовршување пред да го објавам рецептот на мојот инстаграм профил каде мислам дека го доби заслуженото внимание, бидејќи ова се дефинитивно најдобрите домашни сникерс барови!

сникерс бар

Инаку јас лично не можам со сигурност да потврдам во кој тип на луѓе спаѓам. Признавам, моите баунти барчиња ми се превкусни, ама па од друга страна МНОГУ сакам путер од кикирики и печени кикирики, па можеби сепак малку повеќе ги фаворизирам овие.

Подготовката како и за сите останати мои рецепти, така и за овие барчиња е ултра лесна! Потребно ви е само блендер, тавче обложено со хартија за печење и замрзнувач.

Составот е повеќе од добар за вас: овесни снегулки, бадеми, кикирики, урми и црно чоколадо.

НО, бидете внимателни! И покрај тоа што се од здрави состојки, сепак се доста калорични! Еден бар има 220 калории, така што треба да бидете вниматели со консумацијата. Да не биде не сум ве предупредила 😬

Шала на страна, доколку сакате сникерс, направете ги уште денес! Во секој случај се подобра опција отколку купечките коишто се преполни со процесиран шеќер. Кога веќе се заблажувате, нека биде тоа колку што може поздраво!

Доколку си еден од ретките што се уште ги нема пробано и направено овие сникерс барови, еве прилика да ги направиш. Те охрабрувам, бидејќи се навистина вкусни и лесни. Доколку ги направиш, тагни го мојот инстаграм профил @marijamarijamarija 

🥜 Најдобрите Сникерс барови 🥜

Време на подготовка20 minutes
Време во замрзнувач10 hours
Вкупно време10 hours 20 minutes
Автор: Марија Марија Марија

Oпрема

  • бландер / процесор за храна
  • тавче најдобро 20х20
  • хартија за печење

Состојки

База

  • 2 шољи овесни снегулки
  • ½ шоља печени, лупени кикирики
  • шоља бадеми (замена овес/кикирики)
  • шоља кокосово масло растопено
  • ¼ шоља јаворов сируп или засладувач по желба

Карамел

  • 20 урми без смека
  • 10 с.л. вода се додава постепено
  • ½ шоља путер од кикирики

Топинг

  • 1 шака печени, лупени кикирики
  • 1 шоља црно чоколадо капки
  • 1 с.л. кокосово малсо за топење на чоколадото

Инструкции

  • Се мелат сите состојки за базата и се натапкуваат во тавче обложено со хартија (мин.20х20).
  • Тавчето со базата оди во замрзнувач додека се подготвува карамелот.
  • Состојките за карамелот се блендаат додека да се добие убав крем.
  • Водата додавајте ја постепено за да ја одредите густината.
  • Полијте го карамелот врз базата, наросете кикирики и вратете во замрзнувач да отстои неколку часови (најдобро преку ноќ).
  • Исечете барови, потопете го секое барче во претходно растопено црно чоколадо и ги ставате во замрзнувач да се стегнат!

Вкупно парчиња: 24
(препорачана порција: 1 парче)
Нутритивни вредности од порција:
Калории: 220 kcal
Протеини:
Јаглехидрати:
Масти:
Влакна:

* Јас користам кујнска вага, ви препорачувам да набавите, многу е корисна
** с.л. = супена лажица - ќе го користам како кратенка 

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .