Marija Marija Marija

Фотографирање на храната: 7 причини зошто

фотографирање на храната - Хедер

Во овој водич ќе прочитате:

Камерата јаде прва

Почетоците на фотографирање на храната веројатно се поистоветуваат со почетоците на употребата на социјалните мрежи. Оттогаш наваму, „Камерата јаде прва“ е глобален феномен на луѓе кои ги фотографираат своите оброци, главно проследени со нивно споделување на социјалните мрежи. Иако луѓето најчесто ја фоткаат сопствената (а често пати и туѓите) чинии на масата, генерално за лична употреба (како што е водење фотографски дневници за храна, споделување на социјалните мрежи итн), исто така има неколку докажани научни придобивки. Во продолжение ќе прочитате дел од придобивките на фотографирањето на вашите оброци.

Фотографирање на храната – зошто е добро?

1. Фоткањето ја прави храната повкусна

Има голем број на научни студии (да не ви се верува!) што покажуваат дека зголеменото исчекување што се создава како последица од фотографирање на храната, ја прави повкусна. Подолгото одложување пред консумирање на оброкот исто така го зголемува очекувањето на задоволството и со тоа, откако ќе ја изедете храната, таа е повкусна.

Фотографирање на храната

2. Фотографирање на храната помага при следење што јадете

Ова е особено важно доколку сте на одмор или пак водите дневник на исхрана поради одржување на телесната тежина. Вака ќе видите дали сте јаделе премногу хамбургери, а не сте јаделе доволно овошје, зеленчук и житарки.

3. Открива детали кои инаку би можеле да ги пропуштите

Сите живописни детали од вашето јадење снимени на фотографија уште повеќе ќе ви го разработат стомакот. Плус, понекогаш ако не фотнете, може да почувствувате дека нешто недостасува од целокупното гурманско искуство.

4. Помага во практикување на свесно јадење и одложено задоволување

Наместо да го консумирате веднаш, одвојте момент за навистина да го цените она што ќе го јадете. Вдишете ја аромата на различните употребени зачини и состојки, набљудувајте ја текстурата и боите што се наоѓаат на чинијата пред вас и размислете како тоа што ќе го јадете е подготвено.

5. Фотографирање на храната е еден вид ритуал

На некој начин фоткањето е ритуал сличен на молитвата пред оброците. Низа психолошки експерименти покажуваат дека луѓето кои вршат кратки ритуали пред јадење повеќе уживаат во храната, во споредба со оние кои едноставно седнале и ја консумирале веднаш.

6. Тоа е уште еден начин да ја споделите вашата храна со остатокот од светот

Храната е универзален јазик, а нејзиното споделување (дури и само виртуелно) ни помага да се поврземе едни со други.

fotografiranje na hranata
Фотографирање на храната

7. Фотките од храна можат да бидат сувенир

Кога пред вас имате послужено јадење на начин што обично не го добивате, извадете ја камерата за да го документирате вашето гастрономско искуство!

Или пак, доколку пробате нешто за прв патво животот, нешто егзотично и возбудливо – тоа е дефинитивно причина фотографирање на храната! Без размислување извадете ја камерата и направете неколку фотки

Впрочем, ако не си ги сликав повеќето оброци додека сум на одмор или патување, немаше да имам фотографии ниту за овој, ниту за следниот пост 🤣

Плус, ако сум искрена, во најголем број од случаите местата што ги имам посетено во странство додека сум била на одмор или патување се благодарени на тоа што сум ги видела на фотка на Инстаграм.

Што можеме да заклучиме

Фотографирање на храната како феномен, веројатно започнува со употребата на социјалните мрежи. Оттогаш наваму, „Камерата јаде прва“ е глобален феномен на луѓе кои ги фотографираат своите оброци, споделувајќи ги на социјалните мрежи. Иако луѓето најчесто ја фоткаат храната генерално за лична употреба, сепак, фоткањето има неколку докажани научни придобивки:
1. Фоткањето ја прави храната повкусна
2. Фотографирање на храната помага при следење што јадете
3. Открива детали кои инаку би можеле да ги пропуштите
4. Помага во практикување на свесно јадење и одложено задоволување
5. Фотографирање на храната е еден вид ритуал 
6. Тоа е уште еден начин да ја споделите вашата храна со остатокот од светот
7. Фотките од храна можат да бидат сувенир

‼️Сите фотографии се оригинални, направени од страна на МаријаМаријаМарија, и истите не смеат да се користат без претходно одобрување. Доколку сакате да користите некои од моите фотографии, слободно исконтактирајте ме 💌 .