Маринирајте го тофуто, така што ќе му додадете ½ лажица маслиново, сол, нутритивен квасец, оригано и копар. Промешајте и оставете даотстои неколку минути додека го сецкате зеленчукот.
Исецкајте го доматите, краставицата, авокадото и кромидот (доколку не го заборавите како мене) и ставете ги во подлабок сад.
Додадете ги маслинките, тофуто и каперсите.
Зачинете со маслиново, сол, балзамико и оригано. На здравје!