силиконска модла или тавче за куглоф или обично тавче
хартија за печење
Ingredients
За куглоф:
1¼шољамелени бадеми
1¼шољабезглутенско брашно (јас користев по 50 грама кокос, овес и хељда)
¼шољакокосово маслорастопено
¾шољарастително млеко
Кора и сок од 2 поголеми (и сочни) лимони
12с.л.јаворов сирупако користите друг засладувач, прилаодете ја количината
1с.л.екстракт од ванила
прстофат сол
3с.л.семе од афион
2с.л.прашок за печиво
¼к.л.сода бикарбона
За фростинг:
60гр.индиски ореви, накиснати во зовриена вода барем 20 мин
3с.л.јаворов сирупако користите друг засладувач, намалете ја количината
сок и кора од 1 поголем лимон
Instructions
Загрејте ја рерната на 180.
Во поголем сад измешајте ги стопеното кокосово масло, млекото, сокот од лимон, лимоновата кора, засладувачот, ванилата, афионот и бадемите.
Расејте го брашното низ ситна цедалка или сито и додадете го во смесата, а потоа и прашокот за печење и содата.
Убаво измешајте додека да добиете еднолична смеса (доколку ви се чини суво, капнете уште малку млеко).
Претурете ја смесата во тавче за печење обожено со хартија за печење (или како мене, во убаво намастен куглоф) и печете 35/40 минути односно додека не добие златна боја.
Оставете го убаво да се излади пред да го извадите и пред да му ставите од фростингот.
За да го направите фростингот, процедете ги киснетите индиски ореви и блендајте ги во процесор заедно со останатите состојки.